ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ЌЕ СЕ ПРОДЛАБОЧИ БИЛАТЕРАЛНАТА СОРАБОТКА МЕЃУ ШВЕДСКА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
11:39, петок, 13 септември 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамките на својата посета на Кралството Шведска оствари одделни средби со Претседателот на Парламентот на Кралството Шведска, Андреас Норлен, како и со Министерот за меѓународна развојна соработка, Питер Ериксон.

На средбите, покрај европските перспективи на земјава, беа отворени темите за билатералната развојна соработка, како и за парламентарната соработка помеѓу двете земји.

„Радува фактот што Република Северна Македонија останува на агендата за развојна соработка на Шведска и во претстојниот период, што на дело го демонстрира континуираното проширување на нашата билатерална развојна соработка, која е од исклучително значење за нас во овој круцијален период на интеграција на земјава во ЕУ„ - изјави Вицепремиерот Османи  на средбата со Министерот Ериксон, пренесувајќи ја благодарноста за оваа поддршка во име на Владата на Република Северна Македонија.

За време на средбата Османи, во улога на Национален координатор за странска помош, нагласи дека од фундаментално значење за нас е поддршка која земјава ја добива од Канцеларијата на УНОПС во Скопје, која како агенција е задолжена за спроведување на проектот „Нордиски напредок“, и изрази уверување дека истата ќе придонесе за поефикасна и зголемена развојна проектна соработка.

Во рамки на работната посета на Шведска Османи ќе оствари средба и со Министерот за европски прашања, Ханс Далгрен

Посета на Кралството Шведска претставува дел од турнејата на Османи за посета на европските метрополи пред одржување на Европскиот совет во октомври, која продолжува со посета на Брисел, по што следат Берлин, Варшава итн.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: КОВИД КООРДИНАТОРИ ВО ФАБРИКИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ И ОЛЕСНЕТА КОМУНИКАЦИЈА
Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата
ОСМАНИ: ЗАКАНАТА ОД КОВИД НЕ Е ПОМИНАТА МОРАМЕ ДА ГО ОДРЖИМЕ КАПАЦИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ
ОСМАНИ: Полската помош соодветствува со фазата на олеснување на рестриктивните мерки
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.