ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Османи: Владеењето на правото – континуиран императив за напредок во европските интеграции
14:34, четврток, 12 септември 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп.

На средбата се разговараше за актуелностите во земјава, за досегашната соработка меѓу двете земји, со посебен акцент на евроинтеграциите, во пресрет на очекувањата од престојаните самити на Европската Унија во октомври годинава.

Вицепремиерот Османи изрази голема благодарност за континуираната поддршка од страна на Кралството Холандија, земја која од осамостојувањето на нашата држава е една од најголемите донатори и силен поддржувач на интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО. Во оваа насока тој потенцираше дека поддршката на Холандија во спроведувањето на реформската агенда на Европската Унија е од фундаментално значење за нас, особено кога станува збор за владеењето на правото и доброто владеење, односно во институционалното зајакнување на земјава, како една од најважните придобивки на современото општествено живење, но и како континуиран бенчмарк за напредок во европските интеграции.

Средба со новиот холандски амбасадор во земјава се одржа непосредно пред почетокот на европската турнејата на Вицепремиерот Османи, која започнува со работна посета на Кралството Шведска, а во која, меѓу останатите земји, секако се очекува да се најде и Холандија.

Сподели ја содржината!
Новости
Презентирана Анализата на трговските односи по Брегзит и предлог договорот за трговска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство
Османи и Димитров во Париз на средба со Моншален
Османи и Димитров ја започнаа работната посета на Париз на средба со Клеман Бон
Средба Османи – Јанакакис
ОСМАНИ: СЛОВЕНИЈА Е ИСКРЕН ПРИЈАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.