Новости
четврток, 12 септември 2019 11:22
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи,
утре ќе престојува во работна посета на Кралството Шведска, каде ќе оствари
работни средби со Министерот за европски прашања, Ханс Далгрен, со Министерот
за меѓународна развојна соработка, Питер Ериксон како и со Претседателот на
Парламентот на Кралството Шведска, Андреас Норлен.
Централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на Република
Северна Македонија, во пресрет на одлуката за почеток на преговорите во
октомври оваа година, а ќе стане збор и за билатералната развојна соработка
како и за парламентарната соработка помеѓу двете земји.
Во агендата на Вицепремиерот Османи за периодот кој следи предвидени се
посети на метрополите на земјите членки на ЕУ, почнувајќи од Брисел, на почеток
на следната недела, по што ќе следуваат Берлин, Варшава итн.