ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Студиска посета на делегација од Република Косово на тема „Интеграција на странци во Република Северна Македонија“
17:30, четврток, 05 септември 2019

Делегација од Министерството за внатрешни работи на Република Косово денеска беше во посета на Секретаријатот за европски прашања, во рамки на нивната дводневна  студиска посета на нашата земја. Целта на посетата е размена на искуства во однос на правната и институционалната рамка за интеграција на странци во Северна Македонија.

За време на средбата Државната секретарка Калинка Габер, накусо се осврна на улогата и надлежностите на Секретаријатот за европски прашања во координацијата на процесот на европската интеграција на нашата земја.

Габер се осврна и на реформите  кои се спроведуваат во земјава во однос на европските интеграции, како и очекувањата за донесување на одлуката за старт на преговорите во октомври. Во тој контекст беше посочено дека изминатиов период беа спроведени активности за понатамошно усогласување на националните закони кои ги регулираат областите на азил и миграција, како дел од Поглавјето 24 Правда, слобода и безбедност, кои се особено значајни за соодветно адресирање на современите глобални случувања и предизвици во политиката на миграција.

Заменик министерот за внатрешни работи на Република Косово истакна дека соработката меѓу двете земји е на високо ниво, а размената на искуствата и особено значајно со оглед на тоа што делиме иста цел за членство во Унијата.    

За време на посета делегацијата од Косово ќе  оствари средби со преставници од  Министерството за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Северна Македонија во насока на согледување на процесот на интеграција на странци во рамки на нивните надлежности.

 

Сподели ја содржината!
Новости
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
Главниот преговарач на ЕУ, Османи побара државен консензус за преговорите
ОСМАНИ: КОВИД КООРДИНАТОРИ ВО ФАБРИКИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ И ОЛЕСНЕТА КОМУНИКАЦИЈА
Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.