ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ОД СКОПЈЕ ДО ПРИШТИНА ЗА ПОМАЛКУ ОД ЕДЕН ЧАС
12:57, четврток, 25 јули 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како координатор на Владата за имплементација на проектот Скопје – Блаце,  заедно со Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, денес јавно ја презентираа објавата на тендерот за реализација на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце.

„Како координатор на проектот, ми претставува особено задовоство што денес можеме да објавиме дека стартува проектот Скопје – Блаце, еден од најважните инфраструктурни приоритети на Владата, со кој Република Северна Македонија ќе се поврза со автопат со Република Косово“, истакна Османи, упатувајќи на денешната објава на тендерот за изведба на првата фаза од автопатот во должина од 2км, почнувајќи од границата кон Скопје.

Османи потсети и на самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Познан, Полска, на почетокот од месеов, каде во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), се обезбедија нови 27 милиони евра (27,2) – грант, т.е. неповратни средства од страна на Европската Унија, наменети за финансирање на вториот дел од трасата, во должина од околу 11 километри.

„Со изградбата на овој автопат, и негово поврзување со автопатот Приштина - Блаце, временското поврзување меѓу Скопје и Приштина ќе се намали од преку два часа на помалку од еден час, со што Скопје и Приштина и суштински ќе станат најблиските главни градови на Балканот“- нагласи Османи, потенцирајќи ја важност на овој проект, како од економски аспект, за унапредување на трговската размена меѓу двете земји, така и од политички и општествен аспект, во насока на поврзување на земјите и народите во регионот“, истакна Османи

„Идниот автопат ќе биде изграден според Европски стандарди со 2 ленти за возење и 1 лента за принудно застанување во еден правец. Ширината на лентите за возење се по 3,5м, лентата за принудно застанување е 2,75м односно целосната широчина на асфалтниот коловоз во еден правец изнесува 10,25м. “, изјави Директорот на ЈПДП, Зоран Китанов, посочувајќи дека краен рок за понудите за тендерот кој се објавува денес, за правата фаза од автопат од ГП - Блаце до с. Блаце во должина од 2км., ќе биде до 04. септември оваа година. Китанов посочи дека на делницата е предвидено да се изгради една клучка за поврзување со селото Блаце и постојниот магистрален пат, а посочи дека се проектирани и два кружни текови заради поврзување со царинскиот терминал Блаце и постојниот магистрален пат, за кој посочи дека ќе служи како алтернативен пат.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ЦЕЛОСНО СЕ ВРАЌААТ НА АГЕНДАТА НА ЕУ
ОСМАНИ: ПРОДОЛЖУВАМЕ СО АКТИВЕН МОНИТОРИНГ НА РЕФОРМИТЕ
ОСМАНИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ИНСТИТУЦИОНАЛНО ПОВРЗАНА СО ЕУ И Е ВНАТРЕШНО ПРАШАЊЕ НА УНИЈАТА
ОСМАНИ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ УСОГЛАСУВАЊЕТО ВО ЕУ ДА ГО ЗАГРОЗИ РЕФОРМСКИОТ МОМЕНТУМ ВО ЗЕМЈАВА
ОСМАНИ: РЕФОРМИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ, НАШАТА ИДНИНА ОСТАНУВА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.