ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Османи: Со правилен таргет, билатералната помош од УСАИД изврши огромно влијание врз демократскиот развој на земјава
15:24, понеделник, 22 јули 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со Гречен Биркл, Вршителка на должност претставник на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија , која му го претстави новоименуваниот претставник на Канцеларијатана УСАИД во Северна Македонија, Ерик Јановски. 

Вицепремиерот Османи на почетокот на средбата му честиташе на г.Јановски за неговиот мандат и му посака успешна работа, изразувајќи надеж за продолжување на плодната соработка во повеќе области, при што на госпоѓата Гречен Биркл и се заблагодари за досегашната соработка. Во улога на национален координатор на странска помош, Османи изрази задоволство и благодарност и за успешното таргетирање на американската развојна помош во земјата, во износ од над половина милијарда долари од независноста до денес, со која беа поставени основите на демократскиот и граѓанскиот развој на Северна Македонија.

„Градењето на демократијата во нашата земја врз принципите на владеење на правото, слобода, еднаквост, солидарност, како западни вредности и нивното вградување во нашето мултиетничко општество претставува цел кон која се стремиме и работиме долги години со поддршката токму од УСАИД како наш партнер, но и главен центар за распределба на развојната помош“, посочи Османи, истакнувајќи дека присуството на УСАИД има оставено неизбришлива трага во остварувањето на стратешките приоритети на земјава- членството во ЕУ и НАТО.

Во продолжение на средбата соговорниците изразија уверување дека соработката меѓу Владата и УСАИД ќе продолжи да се реализира согласно потребите и приоритетите на Северна Македонија и во претстојниот период, кој за земјава е клучен во евроинтегративниот процес.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ЦЕЛОСНО СЕ ВРАЌААТ НА АГЕНДАТА НА ЕУ
ОСМАНИ: ПРОДОЛЖУВАМЕ СО АКТИВЕН МОНИТОРИНГ НА РЕФОРМИТЕ
ОСМАНИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ИНСТИТУЦИОНАЛНО ПОВРЗАНА СО ЕУ И Е ВНАТРЕШНО ПРАШАЊЕ НА УНИЈАТА
ОСМАНИ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ УСОГЛАСУВАЊЕТО ВО ЕУ ДА ГО ЗАГРОЗИ РЕФОРМСКИОТ МОМЕНТУМ ВО ЗЕМЈАВА
ОСМАНИ: РЕФОРМИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ, НАШАТА ИДНИНА ОСТАНУВА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.