Говори
вторник, 27 мај 2014 13:18
Почитувани дами и господа,
Ценети колеги,
На почеток, дозволете ми да ја искажам својата длабока благодарност за оваа можност да се обратам на овој форум, а воедно и да дискутирам за прашања кои произлегуваат од темата „Компаративен преглед на правото во Франција и Македонија: Административно право“. Од особено задоволство ми е да ги споделам своите искуства како Заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, и да претставам компарација во однос на важноста на реформата на јавната администрација како важен чекор кој е содржан во Пристапниот дијалог на високо ниво.
Соодветно на тоа, се вели дека крајната суштинска промена во значењето на статусот на државниот службеник доаѓа како непобитен резултат од крајот на француската револуција. Паѓањето на исконскиот режим и создавањето на републиката значи дека државниот службеник почнува да се гледа не како слуга на кралот туку како службеник на државата. Може да се каже дека државниот службеник станува помош на јавната власт. Еден исклучително важен цитат објаснува дека „обезличувањето на државата го поттикна брзиот раст во областа на јавното право кое се занимава со организација, должности и права на „јавната моќ“, на која државните службеници беа главна компонента.“
Секоја земја во Европа, на еден или друг начин, се стреми да придонесе за подобар исход кога станува збор за спроведување на реформите од ЕУ. Таков е и случајот со јавната администрација. Имајќи можност да го разгледам францускиот модел, и да увидам како функционира без потешкотии, ние како земја, сме охрабрени да направиме значителни промени. Исто така верувам дека реформите ќе дадат големи и значајни резултати за јавниот сектор и граѓаните. Впрочем, граѓаните се оние кои треба да имаат корист од јавната администрација.
Дозволете ми да го потцртам фактот дека дека постојните и идните билатерални односи помеѓу Република Франција и Република Македонија се на неизмерно високо ниво. Соработката меѓу администрациите од двете земји е високо ценета од наша страна, нормално, за наша корист во однос на капацитетите и надлежностите. Ова е сигурно како одредена држава постигнува воочливо поставени цели кои го прават секој проблем и предизвик лесно надминлив.
Повеќе од сигурно е дека Република Македонија постојано настојува да создаде професионална и транспарентна јавна администрација. Преку веќе воспоставената Специјална група за реформа на јавната администрација, која е функционална од 2010 година, земјата и Европската комисија внимателно ги разгледуваат сите достигнувања и идни настојувања кои треба да се преземат за создавање на деполитизирана и квалификувана администрација.
Покрај ова, во тек е подготовка на нов Закон за администрација што ќе ги консолидира основните принципи на државната служба и вработувањето во јавниот сектор, како што се транспарентноста на вработување, принципите на заслуга, правична застапеност и други. Исто така, новиот Закон за општата управна постапка ќе биде подготвен во согласност со СИГМА коментарите кои се стремат кон подобрување на постојната законска регулатива и создавање на граѓански ориентирана јавна администрација. Мора да бидат земено во предвид дека подготовката на новиот Закон за општа управна постапка е сложен процес поради што има потреба од сериозни консултативни активности, како и соодветен временски период за усогласување на работата на институциите. Законот се очекува да биде донесен до крајот на 2014 година
Дополнително, Република Македонија покажа успех во подготовката на сопствените национални капацитети, како и за управување со фондовите на ЕУ. Почетокотот на преговорите со Република Македонија ќе има позитивно влијание врз реформскиот моментум кога станува збор за македонското мултиетничко општество, што потоа ќе ги поттикне напорите за реформи во регионот и ќе го зајакне кредибилитетот на ЕУ.
Во текот на наредниот период, Владата на Република Македонија докажа дека е оддана за да испорача конкретни резултати и да ги задоволи целите поставени во петте приоритети во рамките на Претпристапниот дијалог на високо ниво (HLAD), но, исто така, во сите области во рамките на Копенхашките критериуми, а особено во делот на политичките критериуми. Сето тоа е потенцирано во новиот Извештај за напредокот за 2013 година.
Конструктивен и сеопфатен дијалог се применува во однос на HLAD со редовна консултација на сите засегнати страни вклучени во овој дијалог. Како што знаете, Претпристапниот дијалог на високо ниво (HLAD) е на чело со премиерот Никола Груевски и истиот беше отпочнат на 15.03.2012. Целта на HLAD е да се внесе нова динамика во процесот на пристапување во однос на реформслиот процес на ЕУ, а со тоа да се достигне и зајакнување на довербата и европската перспектива на земјата.
Што се однесува на европските претпристапни фондови, би сакал да се напоменам дека она што ние го имплементираме е сложен збир на задачи за подготовка на проекти финансирани од ЕУ во однос на инфраструктурата, како и предизвиците за координирање на различни финансиски партнери, кои учествуваат во овие проекти .
Исто така, ние како држава би имале голема придобивка оф француското знаење и експертиза за подготвување на проекти и програми во склоп на јавната администрација и развојот на човечки ресурси, како и давање на услуги на граѓаните. Како држава која секогаш се стреми да се подобри, Република Македонија е на вистинскиот пат, и е континуирано мотивирана да достигне одредени цели.
За крај, Република Македонија е секогаш исполнета со голема волја за да гледа цврста и ефикасна билатерална соработка со Република Франција, и да создава нова платформа за нови идеи и можност. Последователно на ова, ви посакувам успешна дискусија на овој форум , и верувам дека ова ќе биде почеток на многу други форуми кои ќе следат во иднина.
Ви благодарам