Говори
вторник, 27 мај 2014 13:07
Ми престставува особено задоволство да ја отворам работилницата за размена на искуства поврзани со процесот на преговори со Европската Унија за Поглавјето 22: Регионална политика и координација на структурни инструменти
Уште на самиот почеток би сакал да укажам дека зачленувањето во Европската Унија ќе претставува кулминација на економската, социјална и политичка трансформација на Република Македонија.
Ова е стратешка цел на државата и нејзината јавна админстрација многу години наназад.
Јавната администрација го понесе товарот на реформите но не смееме да заборавиме дека истите не би се спровеле успешно без посветеност и подршка на нашето општество како целина.
Со оваа работилница и низа други активности кои се спроведуваат во моментов ние ја потврдуваме стратешката определба да продолжиме со реформите и приближувањето кон Унијата.
Несомнено, членството во Европската Унија ќе биде од голема полза за државата и нејзините граѓани, и ќе резултира со просперитет и интензивирање на односите со нашите Европски соседи како и со наше зголемено влијание во планирањето и остварувањето на Европскиот политички , социјален и економски равој.
Нашиот интегративен процес е долг и тежок поради низа фактори на чие намалување или целосно отклонување Владата доследно работи.
Истовремено сите ние се соочуваме со предизвици поврзани не само со прилагодувањето кон правото на Европската Унија туку и со неговото спроведување кое подразбира реструктуирање на нашата економија и начините на кои функционира нашето општество.
И покрај низата од сериозни предизвици, сеуште во Република Македонија процесот на интеграција во Европската Унија е клучниот генератор на реформите и чинител за постоење на колективен ентузијазам за овој процес.
Поглавјето 22 е само едно од 35-те поглавја на Европското законодавство.
Сите овие поглавја имаат сопствена специфична тежина и специфики.
Сепак, токму доследната хармонизација и спроведување на одредниците од Поглавјето 22 ќе не приближи кон искористување на структурните инструменти на Унијата кои се клучни особено за развојот на државите кои заостануваат зад развиените држави членки на Европската Унија.
Стекнувањето искуство, знаење и вештини за ефикасно управување и искористувањето на средствата од Инструментот за пред-пристапна помош е предуслов за абсорбирање на повеќекратно зголемената помош која државата ќе ја добие преку структурните инструменти во моментот на зачленување.
Самата регионална политика на Европската Унија всушност цели кон јакнење на социјалната, економска и политичка кохезија на Унијата.
Оваа политика на Европската Унија е пресликана внатре кај нас преку политиката за рамномерен регионален развој. Стретегијата за рамномерен регионален развој продолжи да се спроведува во согласност со Акцискиот План за 2013-2015 година.
Во очекување на претстојниот Извештај на Европската Комисија убеден сум дека напредокот во ова поглавје ќе биде одбележан најмногу поради фактот дека во изминатата година се интензивира подготовките за засилена абсорпција на средствата од сите ИПА компоненти а особено компонентите 3 и 4 кои несомнено ќе доведат до мерлив позитивен резултат. Особено во период во кој нашата администрација вложи големи напори во подготовките за искористување на новата ИПА за перидот 2014-20 година.
За крај, би сакал да се заблагодарам на Програмата за развој на Обединетите Нации која во соработка со Секретаријатот за Европски прашања втора година по ред спроведува активности за подршка на процесот на Европска интеграција на Република Македонија не само за Поглавјето 22 туку и за Поглавјата 11, 12, 23 и 24.
Размената на искуства и научени лекции поврзани со процесот на преговори на Република Хрватска, а од неодамна и на Република Црна Гора се од непроценливо значење за нас.
Би ја искористил оваа прилика да ги поздравам присутните експерти и нивната заложба со нас да го споделат нивното знаење и вештини.
Истотака, убеден сум дека пристните претставници на нашите институции кои имаат одговорности поврзани со Поглавието 22 ќе продолжат со вложување на енергија и напор за продолжување на реформите и ќе ја искористат оваа размена на искуства.
Благодарам на вниманието и ви посакувам успешно одвивање на работилницата.