Говори
вторник, 27 мај 2014 13:05
Ваша Екселенцијо Амбасадор на Република Франција во Македонија, г-ѓа Ауер
Почитуван Заменик директор за Западен Балкан во Француската амбасада, г-дин Пужо,
Г-дин Алексис Валас француски експерт
Екселенции и амбасадори,
Почитувани претставници на владини институции, претставници на амбасади и организации на граѓанското општество,
Почитувани гости,
Дами и господа,
Дозволете ми да ви се заблагодарам за Вашето присуство на оваа дебата организирана од страна на Секретаријатот за европски прашања во соработка со Амбасадата на Франција во Република Македонија, по повод годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Франција.
Верувам дека оваа дебата и слични дебати се од суштинско значење за земјите од Западен Балкан, особено во поглед на најновите случувања и можности за завршување на овој важен процес за нашиот регион.
Покрај тоа, јас се надевам дека оваа дебата ќе ни овозможи да се навратиме на можностите и последиците од случувањата поврзани со ЕУ од минатата година, бидејќи јас лично верувам дека тоа беше многу успешна година и за кандидатските земји и за потенцијалните земји-кандидатки.
Навраќајки се во минатото, кога процесот за стабилизација и асоцијација беше започнат во 1999 година беше предвиден механизам кој ќе ја гарантира европската перспектива на земјите од Западен Балкан обезбедувајќи прогресивно партнерство со земјите преку стабилизирање на регионот и создавање на слободна трговска зона.
Исто така, постојаната потврда за перспективата во ЕУ за земјите од Западен Балкан беше главен предуслов за започнување на процесот на трансформација и демократизација на општествата. Ова исто така вклучува иницијативи за регионална соработка и добрососедски односи.
Денес сите ние можеме да се согласиме дека овој механизам обезбедува посветеност на балканските земји на процесот и нивниот напредокот кон членство во ЕУ. Европската перспектива не е веќе прашање, во денешно време повеќе важен аспект е како да се задржи моментумот на реформските процеси и забрзување на пристапување.
Најновите случувања во врска со интеграцијата во ЕУ на земјите од Западен Балкан се важни во однос на испраќање на порака дека процесот на проширување се уште е во тек. Имено, Хрватска е најновиот член на европското семејство, и дополнително на тоа и Црна Гора ги започна пристапните преговори, Србија од следната недела ќе започне со проекцијата на поглавјата 23 и 24, а Македонија има препорака за поставување датум за почеток на преговорите, оставајќи ја Албанија како земја кандидат и Косово кој што треба да го потпише Договорот за стабилизација и асоцијација.
Успехот што секоја од земјите го има постигнато досега може да се смета како важна пресвртница во нивниот процес на интеграција, но од друга страна за членство во ЕУ се чини дека не е толку блиску во овој момент.
Дозволете ми да го земам како пример случајот на Република Македонија. Неколку прашања остануваат отворени - дали сме поблиску до членство во ЕУ? Дали сме направиле доволно? Дали би можеле да направиме повеќе? Дали ЕУ направи доволно?
Точно е дека, минатата година беше неизмерно успешна во однос на агендата на ЕУ. Ова се оствари поради воведувањето на Пристапниот дијалог на високо ниво, како механизам кој обезбедува поттик за понатамошна имплементација на многу тешките реформи во петте приоритетни области како што се: слободата на изразување и медиумите, владеењето на правото и основните права, реформата на јавната администрација , изборните реформи, зајакнување на пазарната економија.
Некои од постигнувањата вклучуваат: декриминализација на клевета и навреда, подобрување на изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ / ОДИХР, намалување на заостанатите предмети во повисоките судови, и одржување на микроекономската стабилност без оглед на глобалната економска криза.
На позитивната страна, најважно е да се нагласи дека имаме многу позитивни примери, дека дури и најтешките билатерални прашања можат да се решат како што е случајот на Хрватска и Словенија или историскиот договор меѓу Србија и Косово, бидејќи она што е најважно е исполнување на крајната цел: членството во ЕУ.
Во овој поглед, Република Македонија е подготвена да продолжи со спроведување на сите потребни реформи и за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за прашањето за името со Грција, во духот на добрососедските односи.
Силно верувам дека ние треба да се придржуваме на Европската агенда на земјата и агендата за решавање на проблемот со името. Ако овие два проблеми продолжат да се решаваат без одржување на заеднички состаноци ќе се соочиме со ризик од губење на многу време кон следната фаза на процесот на интеграција.
Да заклучиме,
Без оглед на постигнатиот напредок во процесот на интеграцијата во ЕУ, земјите од Западен Балкан се соочени со изобилии на одговорности во поглед на исполнување на критериумите за членство. Одржувањето на јасна перспектива во ЕУ и обезбедување на поддршка за интеграција е од суштинско значење за успехот на процесот на проширување во ЕУ, како политика на мир, стабилност и напредок. Тоа е нашата заедничка одговорност да се финализираат овие чекори и да станеме дел од семејството на ЕУ.
Ви благодарам.