ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
"Централно греење ТЕЛЕТЕРМ" Интервју со д-р Владимир Талески, Градоначалник на Општина Битола

Информираност на граѓаните и размена на искуства со партнерите од Република Грција, изработката на техничката студија преку која се дефинираат капацитетите на потенцијалните корисници на системот за централно греење ( основните и средни училишта, градинките, јавните установи) со користење на топлинска енергија од термоцентралата РЕК Битола на територија на Општина Битола и Новаци и да се одреди трасата на топловодната цевна мрежа на територија на двете општини. Домаќинствата би требале да ги намалат повеќе од половина трошоците за греење во однос на трошоците што ги плаќаат доколку се греат на нафта или електрична енергија (да ги намалат 56% ако се греат на нафта, 52 % ако се греат на електрична енергија и 43% ако се греат на мазут). Цената на греењето за домаќинствата од топлификација ќе биде за 15% поефтино од греењето на пелети, а приближно еднакво со греењето на дрва.
Деловните субјекти вклучувајќи ги и сите јавни установи ќе ги намалат своите трошоци за ~ 40 % ако користат нафта, и 20% ако користат мазут.
Исто така значајно искуство од партнерите од Грција беше начинот на приклучување на системот за топлификација и мерење на потрошената енергија на домаќинствата пред се во индивидуалните згради каде сите станари не сакаат да се приклучат на системот.


СЕП: Како се информиравте за Повикот за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција? Дали Повиците за проектни предлози се доволно видливи?

ВТ: Информациите за сите повици на ЕУ општина Битола ги добива директно преку ЕУ инфо точката при Општина Битола која е во дирекна врска со ЕУ инфо центарот при Делегација на Европската Унија во Скопје. Така што, општина Битола покрај што редовно се информира за повиците од ИПА програмата за прекугранична соработка, исто така општината посредува и при организирањето на инфо сесиите за повиците.


СЕП: Како дојдовте до идеја да аплицирате со ваков проект? Дали имавте потреба од институционална помош при аплицирање?

ВТ: Проектот за топлифицирање на регионот со топлинска енергија од термоцентралата РЕК – Битола датира уште со изградбата на самата термоцентрала. Со реализацијата на овој проект преку истражувањата кои се направија и техничките студии кои се изработија уште еднаш се потврди потребата и оправданоста како економска така и од аспект на заштита на животната средина за што побрза изградба на систем за искористување на топлинската енергија од термоцентралата РЕК Битола. Во подготвувањето на апликацијата покрај стручните луѓе од општинската администрација учествуваа и надворешни експерти.


СЕП: Како најдовте партнер од Република Грција и дали наидовте на потешкотии при барање на партнер за да направите заеднички проект?

ВТ: Општина Битола веќе има големо искуство во подготовката на апликациите и реализацијата на проектите поддржани од европските фондови. Во дел од проектите кои се реализирале во изминатиот период веќе учествувале некои грчки општини, а резултатите имале голем бенефит за двете страни.
Во таа насока, можеме да констатираме дека општина Битола има добра долгогодишна соработка со повеќе општини во Р.Грција, при што не наидуваме на никаков проблем при барањето партнер, напротив интересот за соработка е голем, а добрата комуникација позитивно влијае, како при договарањето на проектите, така и при нивната реализација.

 

СЕП: Кои партнери беа вклучени во проектот?

ВТ: Во овој проект од Република Македонија учествуваа општина Битола, како носител на проектот и општина Новаци, додека нашиот партнер од Република Грција е ДЕТЕПА-Општинско претпријатие за топлификација на поширокиот регион на Аминтио.

 

СЕП: За која приоритетна оска од Повикот за проектни предлози аплициравте?

ВТ: Проектот „Телетерм“ е од втората приоритетна оска од Првиот повик за проектни предлози, односно истиот припаѓа во делот за промоција и заштита на природното и културното наследство во регионот.


СЕП: Како се одвиваше соработката со вашиот партнер од Република Грција?

ВТ: Иницијативност, исклучителна соработка и големи резултати. Ова се фазите кои што ја следеа реализацијата на проектот од неговиот почеток до финализирањето на проектните активности. Задоволни од заедничкото искуство и постигнатите резултати, општина Битола одлучи и во наредниот повик повторно да аплицира со истиот партнер.


СЕП: Колку луѓе беа инволвирани во проектот?

ВТ: Во проектот директно инволвирани беа три лица од Општина Битола, едно лице од Општина Новаци и едно лице од ДЕТЕПА-Аминтео, Република Грција. Сепак, за време на реализацијата на проектот голема беше вклученоста и на други субјекти, вработени од општинската администрација и други експерти во оваа област. Ваквиот начин на функционирање позитивно влијае на зголемувањето на знаењата и искуствата, нивната размена и секако крајниот резултат, односно бенефитот од реализираниот проект.


СЕП: Колкав е вкупниот буџетот на проект?

ВТ: Вкупниот буџет на проектот е 267.332,00 евра од кои за Општина Битола 105.000,00 евра , Општина Новаци 62.000,00 евра и ДЕТЕПА –РГ- 100.000,00 евра.


СЕП: Што постигнавте со вашиот проект?

ВТ: Првичната цел на проектот беше да се пренесе знаење и искуство за Централно греење од Аминтео на Битола и Новаци.
Покрај реализацијата на оваа цел, овозможена е поголема информираност на граѓаните од двете општини Битола и Новаци за придобивките од воведувањето на централно греење, како за домаќинствата така и за производителите на раноградинарски производи. Проектот покажа дека горењето на кафеавиот јаглен може да биде поефикасно ако го искомбинираме производството на струја со искористување на топлината од истите котли.

Во текот на реализацијата на проектот, овозможена е инволвираност на сите стручни луѓе како во делот на изработката на студиите така и во контактите со партнерите од Аминтео.

Остварувањето на наведените цели претставува еден добар показател за сите нас, овозможувајќи конкретно насочување во одредена област со максимални познавања за истата. Со доближувањето на информацијата за централното греење до граѓаните се создава можност за нивно запознавање со придобивките од ваквиот начин на ползување на топлинската енергија.

СЕП: Кој е ефектот на прекуграничната соработка? Kои се придобивките за Општината од реализираниот проект?

ВТ: Покрај информираност на граѓаните и размена на искуства со партнерите од Република Грција, една од големите придобивки за овој проект е изработката на техничката студија преку која се дефинираат капацитетот на потенцијалните корисници на системот за централно греење ( основните и средни училишта, градинките, јавните установи) со користење на топлинска енергија од термоцентралата РЕК Битола на територија на Општина Битола и Новаци и се одреди трасата на топловодната цевна мрежа на територија на двете општини.
Со воведувањето на топлификација и предложените цени домаќинствата би требале да ги намалат повеќе од половина трошоците за греење во однос на трошоците што ги плаќаат доколку се греат на нафта или електрична енергија (да ги намалат 56% ако се греат на нафта, 52 % ако се греат на електрична енергија и 43% ако се греат на мазут). Цената на греењето за домаќинствата од топлификација ќе биде за 15% поефтино од греењето на пелети, а приближно еднакво со греењето на дрва.

Деловните субјекти вклучувајќи ги и сите јавни установи ќе ги намалат своите трошоци за ~ 40 % ако користат нафта, и 20% ако користат мазут.

Исто така значајно искуство од партнерите од Грција беше начинот на приклучување на системот за топлификација и мерење на потрошената енергија на домаќинствата пред се во индивидуалните згради каде сите станари не сакаат да се приклучат на системот.
Повеќе информации можат да се најдат на веб страна www.teletherm.info .


СЕП: Дали сте задоволни со спроведувањето на проектот?

ВТ: Имавме одлична соработка во спроведувањето на проектот со сите чинители кои беа дирекно или индирекно вклучени во реализацијата, што потврдува дека главно проектот ги исполни нашите очекувања. Самиот проект беше само една основа за собирање на искуства и начин како да се создаде топлификационата мрежа во Битола и Новаци.


СЕП: Дали повторно би аплицирале со нов проект во некој друг Повик за проектни предлози?

ВТ: Општина Битола редовно ги следи повиците за проектни предлози, а досегашното искуство создава максимална подготвеност за аплицирање за оние проекти кои се во интерес на создавање подобри услови за живот на граѓаните во нашата општина.
Општина Битола во последниот повик веќе аплицираше заедно со Република Грција со четири проекти од различни мерки: човечки ресурси, туризам, заштита на животната средина и промоција и заштита на културното наследство.


СЕП: Дали би можеле да ни откриете некој специфичен предизвик со кој се соочивте во процесот на реализација на проектот? (на пр. кофинансирањето, предфинансирањето).

ВТ: Добрата дефинираност на сите параметри и комплетната подготвеност овозможија воопшто да не се соочиме со такви проблеми како во делот на финансирањето, така и во комплетната реализација на проектот.

Сподели ја содржината!
Кампањи
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Youth for EU
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.