Заменик претседателот на
Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со Постојаната
координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Росана
Дуџак.
На средбата стана збор за следните чекори и начини за
дополнително јакнење на стратешкото партнерство помеѓу Република Северна
Македонија и Обединетите Нации, со посебен акцент на постигнувањето на Целите
за одржлив развој.
За време на разговорот,
Вицепремиерот Османи изрази благодарност за огромната и континуирана поддршка што нашата земја
ја има од ОН во процесот на демократизација на државата, како и за поддршката
во позначајни области за граѓаните, особено во делот на заштитата на животната
средина.
„Обединетите нации со своите Агенции во Република
Северна Македонија се партнер на Владата во дијалогот за секторските стратегии
и политики и активни подржувачи во секторската координација преку проекти кои
континуирано се спроведуваат во последните 20 години“- посочи Османи. Во овој
контекст тој го изрази своето задоволство од работата на канцеларијата на УНОПС
која се отвори минатата година, во насока на имплементација на средствата од Кралствата
Норвешка и Шведска, чија билатерална поддршка претставува основа за
имплементација на проектите на УНОПС во Северна Македонија за поддршка на
процесот на европска интеграција.