Новости
четврток, 11 јули 2019 17:57
Денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во
Тетово, Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар
Османи и Ректорот на Универзитетот, Абдулменаф Беџети потпишаа Меморандум за
соработка помеѓу Секретаријатот за европски прашања и Универзитетот на ЈИЕ.
„Владата донесе одлука за формирање на сите тела од
преговарачката структура како подготовка за старт на преговорите за полноправно
членство во Европската Унија за што во периодот кој ни претстои сите наши сили
ќе бидат насочени кон зајакнување на административните капацитети. Во оваа
насока е и денешното потпишување на меморандумот за соработка, кој ќе придонесе
во зајакнување на капацитетот, стручноста и квалитетот на кадар којшто ќе
работи на процесот на приближување кон ЕУ“- посочи Османи.
Меморандумот на соработка ќе овозможи продолжување и
продлабочување на соработката помеѓу Универзитетот од Југоисточна Европа од
Тетово и Секретаријатот за европски прашања на Република Северна Македонија, а
воедно ќе допринесе и за подобрување на соработката меѓу двете страни во приближувањето
кон ЕУ, јакнењето на административните и
институционалните капацитети, инволвирање на академската заедница во разни
облици на соработка и партнерство, во процесот на европската интеграција.