ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Средба Османи - Која: истражување на етничките предрасуди во судството
10:40, петок, 17 мај 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која.

Османи и Која разговараа за начинот и методологијата за спроведување на проектот за статистичка и квалитативна анализа на судските одлуки, за утврдување на објективноста на пресудите соодветно на етничката припадност на обвинетите, со цел да се утврди објективноста и неселективноста во работата на судовите.

„Овој проект е особено значаен поради тоа што ќе има исклучителна успешност во утврдување на евентуалните наклонетости и субјективизам на судиите во нашето општество, и претставува основа за адресирање на прашањата за објективно судење, без предрасуди“, истакна Вицепремиерот Османи на средбата, додавајќи дека проектот предвидува статистичка анализа, каде предмет на обработка би биле исти и слични случаи на обвиненија, и би се анализирале висините на пресудите и нивната статистичка поврзаност со етничката припадност на обвинетите.

На средбата, беа отворени темите поврзани со областите на соработка во рамки на проектите финансирани од страна на ОБСЕ, во однос на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор за социјална кохезија, формирањето на меѓуетнички совети во општините, организирање јавни дебати кои промовираат општи меѓуетнички прашања и меѓуетничка кохезија, како и евалуација и ревизија на Стратегијата за интегрирано образование. Исто така, Вицепремиерот Османи и Амбасадорот Која разговараа и за успешно спроведените претседателски избори кои поминаа во фер, демократска и компетитивна атмосфера, како важен израз на политичката и демократската зрелост на државата, при што Османи изрази целосна подготвеност за прифаќање на сите забелешки и препораки од страна на ОБСЕ, обврзувајќи се за нивна навремена имплементација пред одржување на следните избори.

Сподели ја содржината!
Вести
Османи: Унгарија останува наш силен сојузник внатре во Европската Унија
Османи: Скопје и како туристички центар ќе внесе цивилизациска и историска вредност во семејството европски метрополи
16-ти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија Брисел, 20 јуни 2019 година
ОСМАНИ: ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЌЕ ГИ ЗАЦВРСТИ ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН
ОСМАНИ: КОСОВО И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИНТЕНЗИВНО СЕ ПОВРЗУВААТ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.