ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ПРЕГОВОРИТЕ ОТВОРААТ НОВИ МОЖНОСТИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И НИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ЕВРОПСКИТЕ ПРОЦЕСИ
14:05, среда, 15 мај 2019

Заменик претедателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денес го претстави проектот „Со европско знаење до европската престолнина“ пред студентите од економскиот и правниот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Проектот „Со европско знаење, до европската престолнина“ го отпочнавме обидувајќи се на некој начин да ја доближиме атмосферата и активностите врзани за европските интеграции и нашата работа во Брисел - до идните потенцијали на земјава - студентите, имајќи предвид дека тие ќе треба во иднина да го преземат на себе процесот на европски интеграции, и воопшто, процесот на трансформација на нашата земја со земјите-членки на Унијата“, истакна Вицепремиерот Османи.

„Со тоа секако очекувам да се создаде и основа или потенцијал за овие млади луѓе утре да станат дел и од европските институции на Република Северна Македонија, наши претставници во Брисел, во Стразбур, во Берлин - каде што соодветно ќе треба ја претставуваат нашата земја во Европската Комисија, во Европскиот парламент, во Европската централна банка итн.“, додаде Османи.

Во продолжение, Вицепремиерот Османи посочи дека во овој период преговорите со ЕУ се на дофат и изрази увереност дека оваа година Република Северна Македонија ги почнува преговорите со Европската Унија, а вклучувањето на сите слоеви од општеството, вклучувајќи ги тука студентите, како една од клучните категории, се важен елемент во подготовката на општеството за предизвиците кои претстојат, со преговорите и трансформацијата која со тоа ѝ следи на државата, согласно европските правила, стандарди и вредности.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.