Новости
вторник, 14 мај 2019 20:49
Проектот на Секретаријатот за европски прашања „ Со европско знаење до
европската престолнина“ денеска беше претставен и пред студентите на
Универзитетот Гоце Делчев –Штип од страна на тимот од Секретаријатот за
европски прашања предводен од Државниот советник за европски политики и
координација и Шеф на Кабинет на Заменик претседателот на Владата задолжен за
европски прашања, Бујар Османи.
Државниот советникТилев изрази задоволство од интересот на студентите, за
нивното денешно присуство, во насока на нивно информирање и едуцирање за
прашањата поврзани со Европската Унија, особено врзани за процесот на европски
интеграции на Република Северна Македонија, како и за работата на
Секретаријатот за европски прашања, бидејќи истото е од особена важност затоа
што европските интеграции, и приближувањето на Северна Македонија до Европската
Унија, претставува највисок приоритет на државата, единствена опиплива шанса за
побрз, поквалитетен суштински развој на државата и нашето општество, нешто што
претставува прашање на над-национален консензус уште од самата независност,
т.е. од современото создавање на нашата државност.
Тимот од Секретаријатот накусо ги запозна присутните студенти и со улогата и работата на СЕП во процесот на европска
интеграција , со самиот процес на европски интеграции, со тоа како се тошат ИПА
средствата кои и стојат на располагање на наша земја како и поволностите кои ги
нуди ЕРАЗМУС програмата на ЕУ за размена на студентите.