Новости
понеделник, 13 мај 2019 17:47
Денеска
во просториите на Секретаријатот за европски прашања Државната Секретарка
Калинка Габер оствари средба со Заменик Министерот за надворешни работи на
Република Турција и Директор за Европска Унија, Фарук Кајмакџи.
За
време на средбата беше потврдено традиционалното пријателство помеѓу двете
земји, како и долгогодишната успешна соработка. Соговорниците разменија мислења
за состојбите во двете земји и за актуелните случувања во регионот како и за
понатамошно унапредување на соработката преку размена на искуства во областа на
евроинтеграциите.
Државната
секретарка г-ѓа Габер ја потенцираше посветеноста на Владата во реализацијата
на реформите во клучните области, при што изрази надеж дека сето тоа ќе
придонесе за позитивен исход и ќе резултира со донесување на одлука од страна
на Советот со која на Република Северна Македонија ќе ѝ се додели датум за почеток на преговорите со
Европската Унија во јуни годинава.
Во текот на разговорот двајцата соговорници заеднички ја потенцираа
потребата од зголемувањето на динамиката на севкупната соработка меѓу земјите,
посебно во областа на евроинтеграциите како и унапредувањето на билатералните и
мултилатералните односи.