ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ЗАЕДНО ГРАДИМЕ СТАБИЛНА, ЦВРСТА И ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА
13:00, четврток, 09 мај 2019

Во рамките на одбележувањето на европските денови во Република Северна Македонија, денес, Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи беше домаќин на традиционалниот „ЕУ појадок“, со кој Секретаријатот за европски прашања секоја година го одбележува прославувањето на 9. мај- Денот на Европа.

„Ја одбележуваме оваа шеесет и девет годишнина од Шумановата декларација, настан кој го обележа создавањето на Европската Унија, најважната и најголемата цивилизациска придобивка на современиот свет; проект кој веќе 70 години обезбедува мир, стабилност и просперитет, претворајќи ја Европа во најубавото место за живеење“ – истакна Османи, посочувајќи притоа и на успесите на Република Северна Македонија, во нејзините аспирации за членство во Европската Унија.

„Република Северна Македонија се приклучува на аспирациите на земјите – членки, во изградбата на поцврста, постабилна и поефикасна Европа, и во иодниа посветено ќе работи на исполнување на овие цели“ истакн Османи, посочувајќи на очекуваниот старт на преговорите, како значаен дел во овој процес.

На настанот свое обраќање имаше и Евроамбасадорот Жбогар, кој го истакна напредокот на земјава, изразувајќи надеж за брза верификација на успехот на земјата, потврдувајќи ги европските перспективи во периодот кој претстои.

Кратко обраќање имаше и избраниот Претседател, Стево Пендаровски, кој ја потенцираше неговата заложба, како иден Претседател, за успешни европски интеграции на земјава. Пендаровски направи паралела на изборите за Претседател на кој тој беше избран, како на процес кој беше важен на земјата не поради неговиот избор, туку поради процесот сам за себе, како израз на демократска и политичка зрелост на земјата, а во насока на исполнувањето на критериумите за членство во Унијата. На сличен начин Пендароовски потсети и на европските избори кои претстојат, како на важен предизвик не само за земјите – членки кои учествуваат на овие избори, туку и за нас, земјите – кандидати, кои внимателно го следат политичкиот ветер кој ќе се преслика во резултатите од овие избори. 

На настанот присутни беа амбасадорите на земјите членки на ЕУ, амбасадорите на земјите од Западен Балкан, поранешните вицепремиери за европски прашања, како и претставници од граѓанските организации.

Сподели ја содржината!
Новости
ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО КЛУЧЕН ФАКТОР ВО ДЕМОКРАТСКИОТ РАЗВОЈ НА ЗЕМЈАТА
Се потпиша договорот за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце
ОСМАНИ: ЗГОЛЕМЕНАТА БИЛАТЕРАЛНА ПОДДРШКА ОД СТРАНА НА НОРВЕШКА ПРЕТСТАВУВА ЗНАЧАЕН ИМПУЛС И ЗА НАПРЕДОК ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
ОСМАНИ: ИЗБОРИТЕ ЌЕ ЈА ПОТВРДАТ ДЕМОКРАТСКАТА И ПОЛИТИЧКА ЗРЕЛОСТ НА ДРЖАВАВА
ОСМАНИ: РЕГИОНОТ ОЧЕКУВА МНОГУ ОД ХРВАТСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.