Новости
понеделник, 06 мај 2019 15:47
Владата
на Република Северна Македонија, Претставувана од Заменик Претседателот на Владата задолжен за Европски
прашања и УНДП, претставуван од Постојаната претставничка на УНДП во земјава, Наринe
Сахакиjан, во просториите на Секретаријатот за европски прашаа, потпиша Договор
за проектна соработка.
„УНДП
е долгорочен партнер и поддржувач на политиките на Република Северна
Македонија, и овој проект е само продолжение на соработката за создавање на
подобра средина за поврзување на националната економија со економиите на
земјите-членки на ЕУ", изјави Османи по потпишување на договорот,
нагласувајќи дека новата студија што ќе произлезе од проектот ќе содржи можни
сценарија за динамиката на пристапувањето кон ЕУ и влијанието врз квалитетот на
живеење на граѓаните, преку користење на искуствата на земјите кои од неодамна
станаа членки на ЕУ, како и преглед на можното зголемување на трошоците за
јавната администрација и бизнис заедницата поради неопходните прилагодувања кон
стандардите на ЕУ.
„УНДП
е посветен да продолжи да ја поддржува земјата кон патот на ЕУ интеграциите.
Имаме долгорочно искуство во советување на оваа тема низ целиот регион, како и
посредничка улога во размена на експертиза и искуства со новите земји-членки.
Со ова, дополнително го зајакнуваме нашето стратешко партнерство со Владата и заедно
ќе продолжиме да работиме на унапредување и на ЕУ интеграциитеи на агендата
2030 – со цел никој да не биде изоставен” , изјави Постојаната претставничка на
УНДП Нарине Сахакијан.
Новиот
проект „Европскиот пат на Република Северна Македонија – Постигнување на побрз,
поинклузивен и одржлив раст” е финансиран од УНДП со времетраење од 7 месеци.
Во овој период ќе се одржат серија консултации и анализи во соработка со
државните институции, бизнис заедницата и граѓанското општество.
Како
резултат од процесот на консултации ќе произлезе студија, која што ќе биде
развиена со поддршка на национални и меѓународни експерти, со цел да им помогне
на донесувачите на одлуки и на општеството да создадат силна аналитична база за
подобро разбирање на ефектите од процесот на пристапување кон ЕУ и постигнување
на забрзан, инклузивен и одржлив развој.