ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Стипендии
Стипендии за постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ во странство за академската 2009/2010 година

 Од 2003 година Владата на Република Македонија започна со активностите  за доделување средства за постдипломски студии во странство во областа на ЕУ, нејзините политики, историјат, институции, право и економија. Целта на обезбедување на финансиски средства за испраќање на млади кадри на доспецијализација од областа на ЕУ и европската интеграција е градење и јакнење на професионални вештини на државните службеници ангажирани на процесот на ЕУ, но и прибирање на нови кадри коишто ќе бидат оспособени да се вклучат активно во процесот на приближување кон ЕУ. 

 

Кој може да се пријави? 
       

        Стипендиите се наменети за идни студенти/кандидати за студии, кои  веќе се запишани на високообразовни институции во странство со соодветна програма на постдипломски студии во областа на ЕУ. Под постдипломски студии од областа на ЕУ, се сметаат постдипломски студии од областа на европското право, економија, политиките на ЕУ, и на специјализирани студии како што се: политика на конкуренција, внатрешен пазар, заедничка земјоделска  политика, индустриска политика, регионална политика на ЕУ, интелектуална сопственост, заштита на потрошувачи, информатичко општество, како и некои други конкретни и специјализирани аспекти на законодавството и политиките на ЕУ.
 

УСЛОВИ ЗА ДОБИВАЊЕ СТИПЕНДИЈА

 

 

Конкурс за доделување на стипендии за постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ во странство за академската 2009/2010 година

Оглас во дневни весници (2009 г.)

Oбразец за пријавување за доделување стипендии за постдипломски студии во странство за академската 2009-2010година

Европски формат на CV

Преглед на високообразовни институции во Европа коишто нудат постдипломски студии за ЕУ/ЕИ

Информативен ден во Владата на Република Македонија

Список на стипендисти на Владата на Република Македонија (2003-2007)

 

 

 

        На  веб страницата прикачен е преглед на извесен број високообразовни институции во Европа коишто нудат постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ. Овој преглед е само насока, а со него не се ограничуваат заинтересираните кандидати да се јавуваат само на наведените универзитети.
 

Поднесување на апликација за стипендија

        Конкурсот за доделување стипендии е објавен во јавните гласила и на интернет-страницата на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk/stipendii  во текот на месец ЈУЛИ 2009 година. Кандидатите за стипендија пријавите со потребната документација можат да ги достават по електронски пат на следнава е-адреса stipendii@sep.gov.mk или по пошта на следната адреса и назнака:    
 

Влада на Република Македонија 
Секретаријат за европски прашања 
(стипендии за постдипломски ЕУ/ЕИ студии) 
бул. „Илинден” бб 1000 Скопје
    
 

        Или лично да ги предадат во затворен плик во Архивата на Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија. 
 

Што потоа? 
 

       По извршената селекција од пристигнатите апликации/молби за добивање стипендија за поддршка на постдипломските студии за ЕУ/ЕИ, избраните кандидати потпишуваат договор со Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија со кои ќе се обврзат да работат во државната администрација во период од најмалку три години, по нивното завршување на постдипломските студии.

Сподели ја содржината!
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.