Новости
четврток, 28 март 2019 14:28
Заменик
Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари
средба со Делегација на Евростат предводена од секторскиот директор, Едуардо
Баредо Капелот.
На
состанокот беа отворени темите за соработка на Евростат со Република Северна
Македонија, особено во пресрет на одржувањето на претстојниот попис, кој се
очекува да се реализира следната година.
„Новиот
закон за попис е во финална фаза во владината постапка, и наскоро очекувам да
биде усвоен со што ќе влезе и во собраниска процедура. Нашиот план е дека нема
да имаме пречки да го одржиме пописот во следната 2020 година, за што
подготовките ќе почнат уште оваа година, со што очекувам да имаме успешен
процес од кој ќе добиеме веродостојни резултати“, истакна Османи.
Османи
посочи на потребата од поблиска соработка меѓу Евростат и институциите на
Република Северна Македонија, не само како тело со високо познавање и искуство
од областа, туку и како неспорен авторитет, во насока на отстранувањето на било
каков сомнеж во веродостојноста на резултатите, што е од особена важност за
земјава имајќи го предвид лошото искуство и создадената недоверба од неуспехот
во спроведувањето на процесот минатиот пат.