ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПОТРЕБНА НИ Е ПОДДРШКА ВО ШИРЕЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА ПРИКАЗНА НА БАЛКАНОТ
11:00, четврток, 21 март 2019

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со претставниците од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Кристијан Хелбах и Томас Осовски кои се во работна посета на земјава.

„Од аспект на европските интеграции Германија отсекогаш сме ја сметале за наш стратешки партнер, во чии иницијативи ги наоѓаме мотивацијата и перспективите за нашиот успех“, изјави Османи изразувајќи огромна благодарност за континуираната поддршка од страна на СР Германија за нашите напори во исполнувањето на препораките на ЕУ како и за севкупните активности на Германија во насока поддршка  на политиката на проширување на ЕУ на земјите од Западен Балкан.

За време на средбата Османи се осврна на динамиката на спроведување на реформите предвидени во План 18, при што посочи на континуитет на реформскиот процес преку конкретен напредок во клучните реформски области - правосудството, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои ќе претставуваат основа за овогодинешниот извештај на Европската Комисија, а воедно изрази и уверување дека истиот по квалитет ќе го замени минатогодишниот.

„Во периодот кој ни претстои неопходна ни е поддршка од страна на сите наши пријатели внатре во Унијата за да ја прошириме европската приказна на Балканот, и да го отстраниме  европскиот скептицизам преку конфирмација на одлуката за отпочнување на преговорите со Република Северна Македонија на јунските самити на Европската Унија“- истакна Османи.

Соговорниците за време на разговорот се осврнаа и на германската финансиската и билатералната развојна поддршка на Северна Македонија при што изразија заедничко уверување дека истата ќе продолжи и понатаму со засилен интензитет во сите сфери од заеднички интерес.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: УСПЕШНОТО ПАРТНЕРСТВО ПОМЕЃУ АГЕНЦИИТЕ НА ОН И ВЛАДАТА ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ
Се чисти локацијата наменета за пречистителна станица за отпадни води во Тетово
Османи: Северна Македонија и Турција остануваат стратешки партнери
ОСМАНИ: САД може да сметаат на Северна Македонија како на партнер на Балканот
ОСМАНИ И БЕЏЕТИ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СЕП И УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈИЕ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.