ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПРОЕКТОТ НОРДИСКИ НАПРЕДОК - КОНТИНУИРАНА ПОДДРШКА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА ЗЕМЈАВА
15:35, среда, 20 март 2019

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари заедничка средба со норвешкиот амбасадор Арне Санес Бјорнстад и шведскиот амбасадор во земјава Матс Стафансон.

Главна тема на средбата беше поддршката за Северна Македонија за пристапување во ЕУ во рамки на Проектот Нордиски напредок, а беа отворени и темите поврзани со европската интеграција на земјава од аспект на зголемената финансиска помош за спроведување реформи и поддршка на политиките во земјата во пристапниот период.

„Норвешка и Шведска отсекогаш биле наши силни поддржувачи и пријателски земји, особено во поддршката на нашите стратешки цели и приоритети, како што е  пристапувањето на земјава во ЕУ, и во таа смисла, задоволен сум од директната поддршка за најважниот процес во земјава во овој момент- пристапните преговори со ЕУ, како дел од  целокупниот процес на европска интеграција“, истакна Османи.

Во продолжение Османи реферираше во детали за поддршката која ја користи Секретаријатот во овој период, која е фокусирана на подготовка за спроведување на втората фаза од Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација (ССА), воспоставување на  преговарачката структура, како и подобрување на транспарентноста на институцијата во однос на целокупниот процес на европска интеграција.

Минатата година беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу Северна Македонија и Норвешка со кој се обезбедува билатерална проектна соработка за поддршка на социо- економскиот развој, особено на неразвиените региони и процесот на европска интеграција на земјата од страна на Вицепремиерот Османи и Амбасадорот Бјорнстад, за финансиска поддршка на земјава во висина од над 3 милиони евра годишно, која претставува континуитет на билатералната соработка која трае над две децении.

Сподели ја содржината!
Вести
Средба на Државните секретари на Северна Македонија и Грција, Габер - Панајотис
ОСМАНИ: ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ОТВОРА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСИТЕ
Обраќање во германскиот Бундестаг на ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров
ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров на средба со Михаел Рот во рамките на работна посета на Сојузна Република Германија
ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров на средба со Крамп Каренбауер во рамките на работна посета на Сојузна Република Германија
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.