ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Министерот Димитров и вицепремиерот Османи во Брисел на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ
12:44, понеделник, 18 март 2019

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамки на посетата во Брисел учествуваа на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија, во организација на Грција и Романија.

На работниот појадок, министерот Никола Димитров брифираше за тековните достигнувања во контекст на евро-интеграциите, за спроведувањето на Договорот од Преспа, како и за генералните очекувања од земјите членки во насока на донесување на одлука за почеток на пристапните преговори во јуни оваа година.

„Нашата работа е да ве убедиме дека она што го имаме денес во Северна Македонија е можност за ЕУ. Нашата цел е да се трансформираме и да станеме европски во начинот на кој функционира нашиот систем. Во последната деценија Европа постојано се менува, станувајќи на некој начин движечка цел што треба да ја следиме.Но, нашите интереси остануваат исти - ни треба трансформативната моќ на ЕУ за создавање на европски, стабилен и просперитетен Балкан“, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров.

На појадокот свое обраќање имаше и вицепремиерот Бујар Османи, кој направи осврт на динамиката и квалитетот во имплементацијата на реформите, согласно Планот 18, кој ги одразува насоките и заклучоците од минатиот јунски самит на Советот на ЕУ.

„Република Северна Македонија, покрај исклучително големиот успех во адресирањето на отворените политички прашања - Преспанскиот договор со Република Грција и Договорот за добрососедство со Република Бугарија, во ниту еден момент не дозволи намалување на фокусот на земјата од реформската агенда. Имаме солидна динамика на имплементацијата на реформите од Планот 18, и сериозен напредок во сите дефинирани области: владеење на правото, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата,“ истакна Османиизразувајќи надеж дека оваа реформска динамика ќе биде објективно изразена во наредниот извештај на Европската Комисија, што ќе претставува основа за конфирмација на одлуката од страна на Европскиот совет во јуни, за почеток на преговорите со Република Северна Македонија оваа година.

 

Сподели ја содржината!
Вести
Средба на Државните секретари на Северна Македонија и Грција, Габер - Панајотис
ОСМАНИ: ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ОТВОРА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСИТЕ
Обраќање во германскиот Бундестаг на ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров
ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров на средба со Михаел Рот во рамките на работна посета на Сојузна Република Германија
ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров на средба со Крамп Каренбауер во рамките на работна посета на Сојузна Република Германија
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.