ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ЕВИДЕНТНА Е ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЛУЖБИ СОГЛАСНО ЕВРОПСКИТЕ ПРАВИЛА
13:50, вторник, 12 март 2019

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи присуствуваше на промоцијата на Националниот координативен центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал, на која заедно со Заменик претседателот на Владата и Министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски се обратија пред присутните.

Во своето обраќање Османи го потенцираше значењето на реформите и резултатите поврзани со борбата со организираниот и сериозниот криминал, како дел од обврските преземени од страна на Република Северна Македонија за имплементацијата на реформите во соодветните области.

„Денешната промоција на овој Националниот координативен центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал, доаѓа во исклучително важен период за земјава, кога сите напори на државата се вложуваат во испорака на што е можно поголем број, но и поквалитетни реформи, кои ќе обезбедат и т.н. ‘трак-рекорд’, т.е. јасни примери на имплементацијата на реформите, за што, значаен придонес очекувам токму од извештаите за работата на овој центар и сличните вакви тела.“, истакна Османи, посочувајќи и на средствата од програмите ИПА 2017 - проектот за спречување на сериозен криминал во Западен Балкан, како и за финансиската поддршка при мапирањето на средствата од ИПА 2020 година, преку кои се обезбедени средства за ова координативно тело, и воопшто, за борбата против организираниот и сериозен криминал.

Во оваа насока Османи изрази задоволство од работата на тимот задолжен за реформи при МВР, предводен од Министерот Спасовски, за исклучително успешната имплементација на преземените обврски во Планот 369 и Планот 18, како во делот на ОТА, реформите во УБК, така и делот на зајакнувањето на капацитетите во борбата против организираниот и сериозен криминал. Со тоа, додаде Османи, Република Северна Македонија покажува сериозно ниво на зрелост за кое очекува да резултира со потврда на одлуката од страна на Европскиот совет во јуни за почеток на преговорите со Европската Унија оваа година.

Сподели ја содржината!
Вести
Средба на Државните секретари на Северна Македонија и Грција, Габер - Панајотис
ОСМАНИ: ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ОТВОРА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСИТЕ
Обраќање во германскиот Бундестаг на ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров
ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров на средба со Михаел Рот во рамките на работна посета на Сојузна Република Германија
ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров на средба со Крамп Каренбауер во рамките на работна посета на Сојузна Република Германија
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.