ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: СОБРАНИСКИОТ НАДЗОР НАД БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЛУЖБИ Е ЗНАЧАЕН ДЕЛ ОД РЕФОРМСКИОТ ПРОЦЕС
13:09, вторник, 12 март 2019

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со делегација од Секретаријатот за европски прашања денес одржа состанок со Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Претседателот на Комисијата, Емил Димитриев.

На состанокот се разговараше за улогата на Комисијата во обезбедувањето на ефикасен собраниски надзор над работата на безбедносните и разузнавачките служби, како и можностите за соработка и поддршка од страна на СЕП како координатор на процесот во смисла на институционална, техничка и финансиска поддршка, вклучително и преку проектите со кои тековно располага Секретаријатот.

„Реформата на безбедносните служби е една од клучните области кои одблиску се следат и од ЕК и од земјите членки“, истакна Вицепремиерот Османи. „Од аспект на законската рамка имаме значителен напредок, односно успешно ја завршивме правата фаза со  формирањето на ОТА, а веќе во собраниска процедура се и законите со кои ќе се овозможи одвојување на УБК од МВР и формирање на нова агенција, која ќе биде надлежна за внатрешното разузнавање за безбедносни цели“, додаде Османи.  Во продолжение, тој изрази задоволство од работата и на Собраниската Комисија за следење на безбедносните служби, посочувајќи ги како една од главните алатки во воспоставувањето на функционалноста на реформите, како важен елемент по кој ќе се оценува севкупната трансформација на безбедносниот систем на земјата.

Средбата е дел од институционалните посети на Вицепремиерот Османи, кои имаат за цел следење на имплементацијата на реформите од Планот 18, предизвиците поврзани со истата, како и соодветниот „трак рекорд“ на активности од спроведување на реформите.

 

Сподели ја содржината!
Вести
Средба на Државните секретари на Северна Македонија и Грција, Габер - Панајотис
ОСМАНИ: ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ОТВОРА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСИТЕ
Обраќање во германскиот Бундестаг на ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров
ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров на средба со Михаел Рот во рамките на работна посета на Сојузна Република Германија
ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров на средба со Крамп Каренбауер во рамките на работна посета на Сојузна Република Германија
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.