Новости
вторник, 26 февруари 2019 16:17
Заменик
претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес беше
домаќин на делегација на Република Франција предводена од Министерката за
Европски прашања при Министерството за Европа и надворешни работи на Република
Франција, Натали Лоазо, која е во работна посета на земјава.
Вицепремиерот
Османи изрази лична благодарност до Министерката Лоазо за заложбите и искрената
поддршка од страна на Франција за нашите европски интеграции која беше посочена
на денешните средби, и ја оцени посетата како историска за земјава со оглед на
тајмингот- кога Северна Македонија се движи кон почеток на пристапните
преговори со ЕУ.
„Безбедна,
стабилна и силна Европа, со силни и ефикасни институции на Европската Унија,
претставуваат приоритети за кои несомнено постои взаемен интерес меѓу Република
Северна Македонија и Република Франција“, истакна Османи, притоа додавајќи дека
европската интеграција на земјите од Западен Балкан дополнително ќе придонесе
за стабилен, безбеден и интегриран Балкан кој ќе претставува долгорочен фактор
за стабилност на целиот континент, но и силен заштитник на вредностите и
напредокот на Европската Унија.