Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа Програмската мисија на Генералниот директорат за проширување и соседска политика (ГД НЕАР), каде се дискутираше и усогласуваа коментарите на акциските документи за ИПА 2019 и 2020, по првиот квалитативен преглед.
На состанокот учествуваа претставници од Делегацијата на Европската Унија (ДЕУ) и претставници од Секретаријатот на Националниот ИПА координатор (НИПАК), како и координаторите на секторските и подсекторските работни групи за Образование, вработување и социјална политика, Земјоделство и рурален развој, Конкурентност и иновации, Правда и внатрешни работи, Регионална политика и претставници на крајните корисници.
На состанокот беа соопштени наодите од првата контрола на квалитет на акциските документи од страна на ЕК и ДЕУ за ИПА 2019-2020 година. Рокот за усогласување на документите е до крајот на февруари 2019 година кога ќе се вратат назад во Комисија на втор преглед на квалитетот. Акциските документи за ИПА 2019 година се очекува да бидат одобрени во октомври 2019 година, а одобрувањето за ИПА 2020 на почетокот на 2020 година.