Новости
четврток, 14 февруари 2019 12:16
Денеска во Секретаријатот за европски прашања се одржа третиот по ред состанок на Управувачкиот комитет на проектот "Поддршка за
управување со фондовите на ЕУ". На состанокот беше разгледан
напредокот во периодот помеѓу вториот и денешниот состанок на Управниот комитет
на проектот, а исто така беа
разменети мислења и за имплементација на проектот, предизвиците во истата во
изминатиот период, како и за преземањето на идните чекори.
На состанокот беше поздравена
успешната динамичност од воспоставувањето на секторскиот пристап, поголемата
динамичност во одржувањето на секторските работни групи, вклученоста и
посветеноста на министрите преку претседавање на секторските работни групи, како
и вклученоста на донаторите и граѓанските организации во истите.
Во поглед на планираните активности
за наредниот период за време на состанокот беше констатирано дека за да се
постигнат очекуваните резултати мора да се одржува воспоставената динамика, за
што неодамна се започна и со одржување на институционални ИПА средби на
министерско ниво, кои од своја страна би помогнале во периодот на раскрсница
помеѓу ИПА I, II и III да се комплетираат сите нерешени прашања, како и да се
надминат досегашните предизвици со цел соодветно програмирање на ИПА III.
Секретаријатот за европски прашања како корисник на овој
проект очекува понатамошно унапредување со управувањето со ЕУ фондовите, со
една амбициозна агенда која во крајна линија има цел да постигне резултати како
и користење на резултатите од спроведувањето на целокупната ИПА II.
Овој проект којшто започна во јуни 2017 година и се предвидува да заврши кон крајот на мај 2020 година има за цел да ја подобри целокупната координација на ИПА
структурите во насока на исполнување на петте критериуми за целосно
функционален секторски пристап: постоење на секторски стратегии,
институционален капацитет, секторска координација, буџетирање и механизми за
мониторинг. Во Управувачкиот комитет како постојани членови учествуваат
претставници на Делегацијата на Европската Унија и ИПА координаторите од
линиските министерства, а одржувањето на следниот состанок на Управувачкиот
комитет за проектот е предвидено за почетокот на летото оваа година.