ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: СЕ НАОЃАМЕ ВО ФИНИШОТ НА ЕДЕН ДОЛГ МАРАТОН И СЕГА НЕМАМЕ ПРАВО НА ГРЕШКА
16:12, вторник, 05 февруари 2019

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи денес беше домаќин на делегациите на Република Ирска и Република Финска кои се во работна посета на земјава.

Во рамките на посетата, Османи оствари средба со двете делегации предводени од Државната Министерка за европски прашања на Република Ирска, Хелен Мекенти, како и Државниот Секретар при Министерството за надворешни работи на Финска, Самули Виртанен.

„Ирска и Финска се веќе запишани во позитивен контекст во нашата евроинтегративна историја, имајќи предвид дека во 2004 година, токму под ирското претседателство, Македонија ја поднесе кандидатурата за членство во Европската Унија, а во 2005 година, земјава се стекна со кандидатски статус под мандатот на тогашниот Комесар за проширување Оли Рен, кој доаѓа од Финска“ истакна Османи на средбата, заблагодарувајќи се притоа на севкупната поддршка на двете земји, особено на придонесот на Финска во задржувањето на фокусот на проширувањето на Унијата, како земја – следен претседавач со Европскиот совет и дел од ЕУ претседателската тројка.

„А тоа, освен што говори во позитивен контекст за двете земји, зборува и за должината на нашиот маратон, кој навистина трае предолго, и токму затоа, сега кога сме при самиот финиш, оваа шанса немаме право да ја пропуштиме “ – истакна Османи, посочувајќи на напредокот во имплементацијата на реформите од Планот 18, како и од подготвеноста на земјава да испорача резлутат за уште една чиста препорака со позитивен извештај од страна на Европската Комисија, која Османи очекува да резултира и со конфирмација на одлуката за преговори од страна на Европскиот совет во јуни.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: УСПЕШНОТО ПАРТНЕРСТВО ПОМЕЃУ АГЕНЦИИТЕ НА ОН И ВЛАДАТА ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ
Се чисти локацијата наменета за пречистителна станица за отпадни води во Тетово
Османи: Северна Македонија и Турција остануваат стратешки партнери
ОСМАНИ: САД може да сметаат на Северна Македонија како на партнер на Балканот
ОСМАНИ И БЕЏЕТИ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СЕП И УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈИЕ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.