Новости
понеделник, 21 јануари 2019 12:24
На 18.01.2019 во Секретаријатот за европски прашања се одржа консултативен состанок со потенцијалните корисници за тековниот 21 повик преку Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework-WBIF). Државната секретарка Калинка Габер ги презентираше предусловите за учество и можностите кои ВБИФ инструментот во секторите дигитално поврзување и енергетика како приоритетни во рамки на Агендата за поврзување, но исто така секторите транспорт, животна средина, социјала(труд, здравство, правда) и приватен сектор. Се работи за комплексен инструмент за кој е потребна координација и консултации со многу засегнати страни (ЕУД, МФИ,МФ,СЕП ресорни министерства) но и знаење и капацитет за подготовка на зрели проекти во предвидените рокови - потенцираше Државната секретарка Габер.
Рокот за доставување на проектните предлози во рамки на 21 повик од страна на НИПАК до Европска Комисија е 01 март 2019 година, и во таа насока ќе биде потребно најавата за аплицирање од страна на ресорното министерство, со кус опис на предлогот (заради пред регистрација), да се достави до НИПАК најдоцна до 13.02.2019,. Дополнително, целосно изработената апликација да се достави до НИПАК најдоцна до 25.02.2019.