ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: МАКЕДОНИЈА НО И ЦЕЛИОТ БАЛКАН ИМААТ ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА ОД РОМАНСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ
11:52, вторник, 18 декември 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Министерот делегиран за европски прашања на Романија, Џорџе Чамба, кој е во работна посета на Република Македонија, во пресрет на преземањето на Претседателството со Советот на ЕУ од страна на Романија од јануари 2019 година. 

На средбата беа отворени темите за предизвиците со кои се соочува Македонија на патот кон членството во ЕУ, како и улогата на Романија, особено за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ во првата половина од наредната година. 

 „Романија претставува долгогодишен поддржувач на Република Македонија, особено за нашите европски и евроатлантски интеграции, и оваа денешна посета, на помалку од еден месец од стартот на преземање на кормилото на ЕУ од страна на Романија, претставува јасен показател за поддршката која ја очекуваме за време на нивното претседателствување со Советот на ЕУ “- истакна Османи за време на средбата. 

Во продолжение Османи реферираше за напредокот во имплементацијата на Договорот од Преспа, за Планот 18 и неговата улога во задржување на позитивниот реформски импулс наметнат со Планот 3-6-9, како и за останатите реформски активности поврзани со имплементација на препораките на ЕУ и соодветните тела. 

„На европските самити во јуни следната година, на истекот од мандатот на романското претседателство со ЕУ, очекуваме потврда на одлуката за почеток на преговори, со што Романија ќе биде запишана во историјата на Македонија како земја под чие водство ЕУ ќе ги започне преговорите со земјава“ – истакна Османи. 

 Двајцата соговорници за време на средбата разменија мислења и за процесот на проширување на Европската Унија, за евроатлантските перспективи на целиот Балкан, како суштински елемент во насока на стабилноста на регионот, но и на зацврстувањето на безбедноста и стабилноста на цела Европа, при што Вицепремиерот Османи изрази надеж дека досегашниот интерес на Романија за Балканот ќе продолжи со засилено темпо, особено во првата половина на наредната година за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ во насока на верификација на европските перспективи на земјите од Западниот Балкан.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: КОСОВО И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИНТЕНЗИВНО СЕ ПОВРЗУВААТ
Работна посета на ЗПВРСМ задолжен за европски прашања, Бујар Османи и МНР Никола Димитров на Париз
ОСМАНИ: ИНСТИТУЦИИТЕ КОИ ДЕНЕС ЌЕ ГИ ПОСЕТИТЕ, УТРЕ ЌЕ БИДАТ НАШИ ИНСТИТУЦИИ
ОСМАНИ: УСПЕХОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОТТИК И ЗА ОСТАНАТИТЕ ЗЕМЈИ ДА ГО ИСКОРИСТАТ ЕВРОПСКИОТ МОМЕНТУМ
Заедно кон ѕвездите – кампања на СЕП за новите европските перспективи на земјава
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.