ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ЕВРЕЈСКАТА ЖРТВА - БЕЗВРЕМЕНСКИ ЧУВАР НА ХУМАНОСТА, СЛОБОДАТА И СОЛИДАРНОСТА
13:04, среда, 05 декември 2018

Денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања, а во организација на Македонски пошти, се одржа Промоција на поштенската марка 75 години од депортацијата на евреите во Македонија“, на која поздравни обраќања пред присутните имаа Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, Амбасадорот на државата Израел во Македонија, Дан Ориан, Директорот на АД. “Македонска Пошта”, Ејуп Рустеми и Директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, Скендер Асани.

„Ми претставува вистинска чест што, како предводник на Секретаријатот за европски прашања денес сум домаќин на оваа манифестација со која се одбележува 75 години од холокаустот на евреите, но и посебно задоволство, лично за мене, како човек кој се залага со промоција на современите европски вредности на слобода, еднаквост и соживот, што ја имам оваа можност да бидам дел од ова одбележување - истакна Османи. Во овој контекст тој додаде дека депортацијата на евреите од Македонија за време на втората светската војна, претставува веројатно еден од најцрните и сигурно еден од најтажните периоди во историјата.

Во продолжение Османи се осврна на предизвиците низ кои поминува Република Македонија во овој период стремјќи се да ја зацементира својата евроатлантска ориентација, при што додаде дека одбележувањето на денешниот ден претставува континуитет на нашата суштинска определба, да бидеме дел од создавањето, од негувањето и промоцијата на вредностите на кои почива западната цивилизација.

„Како политичари, како Влада, но и како земја, како граѓани остануваме целосно посветени на изградбата и зацврстувањето на интегративните предизвици со кои се соочуваме, најпрвин внатре, преку негување, на принципите на соживот, на еднаквост, на правичност, но и надворешно, вложувајќи огромни напори во историското помирување на народите и затворањето на меѓусебните прашања, како основен предуслов за европската интеграција на целиот Балкан- додаде Османи при што во овој контест нагласи дека токму успехот од овие процеси, успехот во промоцијата на европските вредности, всушност претставува зачувување на смислата на еврејската жртва, како безвременски чувар на хуманоста, солидарноста и слободата.

Сподели ја содржината!
Вести
Трет состанок на Управниот комитет на проектот „Поддршка за управување со фондовите на ЕУ“
ОСМАНИ: ОСТАВИВТЕ НЕИЗБРИШЛИВА ТРАГА ВО УСПЕХОТ И НАПРЕДОКОТ НА ЗЕМЈАВА
ОСМАНИ: ЌЕ ИМАМЕ СЛОБОДНИ, ФЕР И ВЕРОДОСТОЈНИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ
ОСМАНИ: СО ПОДДРШКАТА НА УСАИД МАКЕДОНИЈА ГИ ПОСТАВИ ТЕМЕЛИТЕ НА СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВЕНО УРЕДУВАЊЕ
ОСМАНИ: ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО ПОТТИК ЗА НАПРЕДОК И ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.