ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ВЛАДАТА ГИ ДЕФИНИРАШЕ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ЧИЈА РЕАЛИЗАЦИЈА ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА ВО ПЕРИОДОТ ШТО ПРЕТСТОИ
14:12, среда, 28 ноември 2018

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален ИПА координатор (НИПАК), заедно со својот колега, Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев го предводеа денешниот состанок на Националниот Инвестициски Комитет во полн состав, во кој покрај Владините претставници беа вклучени и најголемите донатори на странска помош за големите проекти во Македонија.

„Дозволете во името на Владата, да ви изразам искрена благодарност за вашето учество преку донации во изградбата на современо, напредно европско општество во Македонија, како дел од  стратегијата за меѓусебното поврзување на земјите од Западниот Балкан, но и нивното поврзување со Европската Унија“ изјави Османи, на почетокот од своето обраќање, посочувајќи на фактот дека досега, само преку инструментот „Инвестициска рамка на Западен Балкан“ (WBIF), искористени се 112,8 милиони евра за реализација на 29 проекти финансирани од страна на Европската Комисија.

Во продолжение Османи реферираше пред донаторите за активностите преземени во периодот меѓу двата НИК состаноци, а во насока на искористување на потенцијалите за донаторски средства во имплементација на поголемите инвестициски проекти.

„Во рамките на третиот повик од инвестициската рамка WBIF, двата проекти поднесени од наша страна, во вкупен износ од околу 23 милиони евра, добија политичко зелено светло на Самитите во Лондон и Софија, како и позитивна оценка од WBIF, од каде очекуваме и финално одобрување следниот месец“ истакна Османи, посочувајќи ги проектите за реконструкција на секцијата ‘Букојачани - Кичево’, како дел од патниот правец Гостивар – Кичево во износ од над 20 милони евра, како и проектот за проширување на патната делница Крива Паланка – граничен премин ‘Деве Баир’ со бугарија во износ од над 2,5 милиони евра, како два поголеми проекти од третиот повик на WBIF чија реализација се очекува да започне наскоро.

Во продолжение Османи информираше и за новата листана приоритетни инвестициски проекти, која Владата ја усвои на вчерашната седница, и на која се дефинирани проектите за кои донаторите ќе можат да придонесат со грантови во нивната реализација во рамките на четвртиот WBIF повик. „На листата има 108 значајни проекти за државава, подредени според приоритетот за нивна реализација утврден од страна на Владата, и за кои, во наредниот период Владата ќе се посвети на нивна имплементација, секако и преку обезбедување грантови, но и преку заеми и буџетско финансирање“ истакна Османи, посочувајќи притоа големите проекти за ко ќе се бараат грантови како автопатот Скопје – Блаце за поврзување на Македонија со автопатот од Косовска страна, каде ќе се бара грант од 26,7 милиони евра, потоа заедничкиот железнички граничен премин со Србија на Табановце во износ од над 5 милиони евра, како и гасното поврзување со Република Грција од 10 милини евра.

Во продолжение на состанокот на Националниот инвестициски комитет (НИК) ресорните министри реферираа пред донаторите за предложените проекти од нивните области, нивниот импакт во развојот на земјата, како и за можностите за учество на донаторите во нивната имплементација преку грант средства.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: НЕМА МАГИЧНИ АД-ХОК РЕШЕНИЈА ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО, НАПРОТИВ, САМО СО ДОЛГОРОЧНИ ОДРЖЛИВИ И ПЛАНСКИ АКТИВНОСТИ МОЖЕ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ РЕЗУЛТАТИ
ВБИФ ѝ одобри на Македонија три инвестициски проекти во вкупен износ од 24 милиони евра
ОСМАНИ: ЕВРЕЈСКАТА ЖРТВА - БЕЗВРЕМЕНСКИ ЧУВАР НА ХУМАНОСТА, СЛОБОДАТА И СОЛИДАРНОСТА
ОСМАНИ: ВЛАДАТА ГИ ДЕФИНИРАШЕ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ЧИЈА РЕАЛИЗАЦИЈА ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА ВО ПЕРИОДОТ ШТО ПРЕТСТОИ
Свечена Академија во Музејот на албанската азбука по повод 22 ноември – денот на албанската азбука и 110 годишнината од Битолскиот конгрес
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.