ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: УНИФИКАЦИЈАТА НА АЗБУКАТА ПРЕТСТАВУВА ЛИТЕРАТУРНО, КУЛТУРНО И ИНТЕЛЕКТУАЛНО ОБЕДИНУВАЊЕ НА АЛБАНЦИTE
15:11, вторник, 20 ноември 2018

Денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа прес конференција по повод одбележувањето на 22 ноември – денот на албанската азбука и 110 годишнината од Битолскиот конгрес, во рамките на која свои обраќања имаа Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи; Директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани; Државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири и албанскиот виолинист - Шкелзен Доли, кој воедно е дел и од Виенската филхармонија, и кој, со концерт за виолина ќе настапи на централниот настан за одбележување на јубилејот, заедно со Македонската филхармонија.

„Денот кога интелектуалните потенцијали на Албанците од целиот свет успеваат да се обединат во насока на унификацијата на сопствената азбука, претставува историската точка на литературното, интелектуално, културолошко, но и етничко обединување на сите Албанци - истакна Османи, посочувајќи на фактот што овој историски настан, пред 110 години сер одржал во Битола, што, посочи Османи, има посебна важност за Албанците од Македонија. Во оваа насока Османи додаде дека токму затоа Денот на одржувањето на Битолскиот конгрес - 22 ноември, како Ден на албанската азбука, претставува празник и неработен ден за Албанците од Македонија, но и важен ден за сите граѓани на земјава, потврдувајќи ја во историски контекст земјава како светска лулка на писменоста.

Во продолжение Вицепремиерот Османи истакна дека оваа година Владата на Република Македонија, заедно со Собранието на Република Македонија, го задолжи Секретаријатот за европски прашања, да ги организира настаните поврзани со одбележувањето на овој јубилеј.

„За Денот на албанската азбука и 110 години од Битолскиот конгрес, под слоганот ‘За нас сонцето изгрева на запад’ подготвивме организација на повеќе настани, во Скопје и Битола, кои ќе бидат крунисани со концерт на виолина на уметничкиот великан Шкелзен Доли, со Македонската филхармонија, под диригентската палка на Михаел Мацијашчик од Полска, кој ќе се одржи во просториите на Македонската филхармонија, во четврток на 22 ноември со почеток во 19 часот.“ – истакна Османи, потврдувајќи дека настанот ќе се пренесува во живо на вториот програмски сервис на МРТВ 2, а посочи и на најавите за директен пренос и на некои национални телевизии од Косово и Албанија, како и пренос во живо на интернет.

Во рамките на одбележувањето на денот на албанската азбука и 110 годишнината од Битолскиот конгрес предвидени се и повеќе настани во Скопје и Битола, како што е Панел во рамките на Музеј – Куќата на албанската азбука во Битола, по што ќе следи и научна конференција во хотелот Епинал, како и промоција на повеќе книги и научно истражувачки трудови, а од денес и официјално ќе биде поставен наменскиот веб сајт www. 110vjetalfabet.mk, на кој ќе бидат поставени интересни историски факти за унификацијата на азбуката, за Конгресот во Битола, но и уметнички содржини од албанската литература, поезија итн...

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: НЕМА МАГИЧНИ АД-ХОК РЕШЕНИЈА ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО, НАПРОТИВ, САМО СО ДОЛГОРОЧНИ ОДРЖЛИВИ И ПЛАНСКИ АКТИВНОСТИ МОЖЕ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ РЕЗУЛТАТИ
ВБИФ ѝ одобри на Македонија три инвестициски проекти во вкупен износ од 24 милиони евра
ОСМАНИ: ЕВРЕЈСКАТА ЖРТВА - БЕЗВРЕМЕНСКИ ЧУВАР НА ХУМАНОСТА, СЛОБОДАТА И СОЛИДАРНОСТА
ОСМАНИ: ВЛАДАТА ГИ ДЕФИНИРАШЕ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ЧИЈА РЕАЛИЗАЦИЈА ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА ВО ПЕРИОДОТ ШТО ПРЕТСТОИ
Свечена Академија во Музејот на албанската азбука по повод 22 ноември – денот на албанската азбука и 110 годишнината од Битолскиот конгрес
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.