ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ЌЕ ГО ЗАДРЖИМЕ КУРСОТ НА НАПРЕДОК ВО ОДНОСИТЕ МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ
13:05, понеделник, 19 ноември 2018

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со новоименуваниот Амбасадор на Република Косово во земјава, Ѓерѓ Дедај.

Вицепремиерот Османи најпрвин упати честитки до Амбасадорот за именувањето на оваа функција, и изрази надеж дека досегашната исклучително успешната соработка меѓу двете земји ќе продолжи и во текот на неговиот мандат.

„Имаме бројни заеднички проекти кои се реализираат, како што е граничниот премин ‘Белановце Станчиќ’, но и бројни други проекти од програмата за меѓугранична соработка кои се во тек или чекаат на реализација, за чии успех верувам дека ќе заеднички ќе се посветиме“ истакна Османи. На средбата беа отворени и темите за напредокот на двете земји во рамките на европските интеграции, како и за севкупниот напредок на регионот од аспект  на европските перспективи.

„Собранието го даде првото зелено светло за уставните измени согласно договорот од Преспа,со што не само што се отвори патот за имплементација на обврските од Договорот, туку се создадоа услови и за забрзување на реформскиот процес на земјата”- истакна Османи, посочувајќи го успехот на Договорот од Преспа, но и претходно, Договорот за добрососедство со Бугарија, како поттик и за останатите земји од регионот, да вложат повеќе напори и повеќе храброст во надминување на меѓусебните спорови, како заеднички интерес на целиот регион.

Во продолжение двајцата соговорници изразија се согласија дека ќе продолжат да работат посветено во насока на унапредувањето на односите меѓу двете земји, како меѓусебно да се поддржуваат во европските евроатлантските интеграции.  

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: АКТИВНОСТИТЕ НА УНОПС ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОКАЖУВААТ РЕЗУЛТАТ
Средба Османи - Која: истражување на етничките предрасуди во судството
ОСМАНИ: ВЛОЖУВАЊЕТО ВО ЕВРОПСКИ ЗНАЕЊА Е НАЈДОБРАТА ИНВЕСТИЦИЈА ДЕНЕС
Проектот „Со европско знаење до европската престолнина“ претставен и на Економскиот факултет во Прилеп
ОСМАНИ: ИНТЕРЕСОТ НА СТУДЕНТИТЕ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПРОЦЕСИ – ПОТЕНЦИЈАЛ ШТО ВЕТУВА УСПЕШНА ЕВРОПСКА ТРАНСФОРМАЦИЈА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.