ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: МАКЕДОНИЈА ЌЕ УСПЕЕ ДА ЈА ОСТВАРИ АГЕНДАТА 2025 НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА
15:42, понеделник, 12 ноември 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на посетата на Брисел, оствари работна средба со Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, каде брифираше за напредокот на земјава на полето на имплементацијата на обврските од процесот на европски интеграции.

„Планот 18 е веќе усвоен на Влада и неговата имплементација, сега за сега, се одвива непречено. Очекувам навреме да бидат адресирани сите клучни области и да се создадат услови за конфирмација на одлуката за почеток на преговорите“ изјави Османи на средбата. Посочувајќи на напредокот во имплементацијата на реформите на клучните области, особено по откочувањето на Собранието со првото зелено светло за уставните измени.

„Собранието го даде првото зелено светло за уставните измени согласно договорот од Преспа, со што, не само што се отвори патот за имплементација на обврските од Договорот, туку се создадоа услови и за забрзување на реформскиот процес на земјата согласно заклучоците на Европскиот совет од Јуни“ - истакна Османи, потенцирајќи го притоа и напредокот на односите меѓу Македонија и Грција, кои се унапредуваат со забрзано темпо.

„Лично присуствував, заедно со колегата од Грција, Јоргос Катругалос, на првиот лет по 10 години пауза меѓу Атина и Скопје, со што и симболично но и суштински ги приближивме двата главни градови на оддалеченост од само еден час“ - истакна Османи, посочувајќи и на усогласеноста меѓу двете земји околу трилатералната иницијатива меѓу Македонија, Грција и Албанија, за одржлив развој на регионот Преспа, како и на иницијативите за стратешко партнерство со Грција и нивна поддршка за европските интеграции на земјата.

Османи го информираше Хан и за напредокот во подготовката на преговарачката структура за почеток на преговорите. „Работиме активно на вклучување како на граѓанскиот сектор, така и на академската заедница во преговарачката структура, процес кој очекуваме дополнтелно да ја засили преговарачката стручност и ефикасност на државата“ - истакна Османи.

„Имаме напредок по сите траектории - адресирањето на итните реформски приоритети и препораките врзани за европските интеграции; имплементација на обврските од договорите со Бугарија и Грција и напредок во добрососедските односи; како и подготовка на тимот и преговарачката структура за почеток на преговорите“ - истакна Османи, упатувајќи уверување до еврокомесарот Хан дека Македонија успешно ќе се приклучи на Стратегијата на Комисијата за проширување со земјите од Западниот Балкан и ќе успее да ја оствари Агендата 2025

Во рамките на посетата на Брисел, Османи одржа и неформален брифинг со претставници на Работната Група при Советот на ЕУ за Западен Балкан (КОВЕБ), каде го претстави Планот 18.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: НЕМА МАГИЧНИ АД-ХОК РЕШЕНИЈА ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО, НАПРОТИВ, САМО СО ДОЛГОРОЧНИ ОДРЖЛИВИ И ПЛАНСКИ АКТИВНОСТИ МОЖЕ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ РЕЗУЛТАТИ
ВБИФ ѝ одобри на Македонија три инвестициски проекти во вкупен износ од 24 милиони евра
ОСМАНИ: ЕВРЕЈСКАТА ЖРТВА - БЕЗВРЕМЕНСКИ ЧУВАР НА ХУМАНОСТА, СЛОБОДАТА И СОЛИДАРНОСТА
ОСМАНИ: ВЛАДАТА ГИ ДЕФИНИРАШЕ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ЧИЈА РЕАЛИЗАЦИЈА ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА ВО ПЕРИОДОТ ШТО ПРЕТСТОИ
Свечена Академија во Музејот на албанската азбука по повод 22 ноември – денот на албанската азбука и 110 годишнината од Битолскиот конгрес
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.