ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ГРЦИЈА СТАНУВА НАШИОT НАЈГОЛЕМ ПАРТНЕР ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
16:22, четврток, 01 ноември 2018

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Грција, оствари средба со Алтернативниот Министер за надворешни работи и европски прашања, Јоргос Катругалос.

Главна тема на средбата беше политичкиот развој на настаните во двете земји по одлуката на Собранието за отворањето на уставот на Република Македонија, а во насока на обврските на кои произлегуваат од Договорот од Преспа.

„Имаме голем број проекти кои се поврзани со Мерките за градење доверба, но и воопшто во насока на унапредување на комуникацијата и соработката меѓу двете земји, и чија реализација, согласно напредокот во политичките односи, треба да добијат забрзано темпо“ – истакна Османи на средбата, посочувајќи ја како еден од поважните иницијативата на еврокомесарот Хан, за трилатерална соработка меѓу Македонија, Грција и Албанија, за одржлив развој на поширокиот преспански регион, кој покрај заштитата на убавото преспанско езеро, предвидува и отворање на меѓусебните гранични премини околу езерото, но и проекти за локален економски развој.

„Покрај бенефитите за локалното население, успешноста на овој проект има и пошироко симболично значење, затоа што Преспа е веќе симбол и на помирување меѓу двете земји, на успехот во надминувањето на долгогодишниот спор, како и симбол на меѓусебната соработка и напредок“  истакна Османи. Во продолжение Османи наброи и други потенцијални проекти во насока на унапредување на комуникацијата меѓу двете земји. Тој ја посочи модернизацијата на пругата Битола Кременица, како клучна железничка конекција на Скопје и Солун, што, пак, претставува најважниот трговски пристап на бизнисот до солунското пристаниште, а исто така и гасната интерконекција меѓу двете земји, за која посочи дека Македонија веќе аплицирала за грант преку Инвестициската Рамка за Западен Балкан каде како донатор учествува и Грција.

„Секако за нас најважна е соработката која очекуваме да ја оствариме во насока на успех на нашите европски интеграции. Успехот на Договорот од Преспа ја става Грција во редот на земји – пријатели, чија поддршка за нашите европски интеграции внатре во Унијата е забележлива“ – истакна Османи, најавувајќи го притоа заедничкиот проект меѓу двете министерства, за создавање на таканаречена „ЕУ Таск форс“ работна група, за размена на искуства во процесот на европски интеграции, започнатиот срининг процес, претстојниот процес на преговори, но и воопшто, процесот на комуникација со европската администрација и успешното искористување на ИПА средствата.

По завршувањето на средбата, Османи и Катругалос се упатија на Атинскиот аеродром на симболично свечено испраќање, каде Османи ќе го искористи првиот лет по нешто повеќе од десет години меѓу Атина и Скопје за да се врати назад.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: УНИФИКАЦИЈАТА НА АЗБУКАТА ПРЕТСТАВУВА ЛИТЕРАТУРНО, КУЛТУРНО И ИНТЕЛЕКТУАЛНО ОБЕДИНУВАЊЕ НА АЛБАНЦИTE
ОСМАНИ: ЌЕ ГО ЗАДРЖИМЕ КУРСОТ НА НАПРЕДОК ВО ОДНОСИТЕ МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ
ОСМАНИ: ЈАПОНСКАТА ПОМОШ ВО ЗДРАВСТВОТО ДИРЕКТНО ГИ ТАРГЕТИРА УСЛОВИТЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ
ОСМАНИ: МАКЕДОНИЈА ЌЕ УСПЕЕ ДА ЈА ОСТВАРИ АГЕНДАТА 2025 НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА
ОСМАНИ: ЌЕ ГИ ОБЕЗБЕДИМЕ СИТЕ ПРЕДУСЛОВИ ЗА КОНФИРМАЦИЈА НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕГОВОРИ ВО ЈУНИ 2019
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.