ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПОТРЕБНА НИ Е ВЗАЕМНА СОРАБОТКА ЗА ДА СЕ СПРОТИСТАВИМЕ НА СОВРЕМЕНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ
13:51, четврток, 04 октомври 2018
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, и главен преговарач и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ, Бујар Османи, заедно со својот заменик и главен технички преговарач, Бојан Маричиќ, денес престојуваат во работна посета на Тирана, Република Албанија, во рамките на која, заедно со Министрите и Вицепремиерите за европска интеграција на земјите од регионот учествуваа на третата Конференција за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан (WBAR). 

Во рамките на конференција беше потпишана заедничка декларација со која земјите од Западен Балкан, потпирајќи се на посветеноста на Европската Унија на политиката на проширување, држејќи ја оваа тема високо на својата агенда, ги реафирмираа своите заложби за унапредување на добрососедските односи, ја реафирмираа својата посветеност кон регионалната соработка преку взаемната поддршка и размена на најдобри практики во однос на сите аспекти од предпристапниот процес, како и сите други заложби во насока на европската перспектива на целиот Западен Балкан.  

На панелот посветен на комуникацијата на ЕУ во јавноста за време на конференцијата учесниците, дебатираа за успесите, предизвиците и потенцијалите за унапредување на комуникацијата на европските вредности во рамките на земјите од Западниот Балкан.  

Како главни закани беа посочени лажните вести, чија пенетрацијата ја загрозува објективната реалност и вистината, што, пак, создава почва за пенетрацијата на радикални политички понуди. Во овој контекст беше истакнато дека е потребно да се унапреди соработката и комуникацијата меѓу земјите од Западниот Балкан, со цел взаемно помагање во справувањето со овие предизвици  

На денешната трета по ред Конференција за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан (WBAR) во Тирана, поддржана од страна на австриското претседателство со Советот на ЕУ и претходеа првата одржана во Скопје во 2015 година и втората одржана во Подгорица во 2017 година. 

 Во рамки на својата работна посета на Тирана Вицепремиерот Османи оствари билатерални средби со Сојузната Министерка за Европа, интеграции и надворешни работи на Австрија, Карин Кнајсл, Министерот за Европа  и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати и Министерката за европска интеграција на Република Косово, Дурата Хоџа.
Сподели ја содржината!
Вести
Трет состанок на Управниот комитет на проектот „Поддршка за управување со фондовите на ЕУ“
ОСМАНИ: ОСТАВИВТЕ НЕИЗБРИШЛИВА ТРАГА ВО УСПЕХОТ И НАПРЕДОКОТ НА ЗЕМЈАВА
ОСМАНИ: ЌЕ ИМАМЕ СЛОБОДНИ, ФЕР И ВЕРОДОСТОЈНИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ
ОСМАНИ: СО ПОДДРШКАТА НА УСАИД МАКЕДОНИЈА ГИ ПОСТАВИ ТЕМЕЛИТЕ НА СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВЕНО УРЕДУВАЊЕ
ОСМАНИ: ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО ПОТТИК ЗА НАПРЕДОК И ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.