ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИМЕ СИТЕ МОЖНОСТИ ДА ЈА ИМПЛЕМЕНТИРАМЕ ОДЛУКАТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО ПРЛАМЕНТОТ
11:15, четврток, 04 октомври 2018
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, и главен преговарач и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ, Бујар Османи, заедно со својот заменик и главен технички преговарач, Бојан Маричиќ, денес престојуваат во работна посета на Тирана, Република Албанија, во рамките на која, заедно со Министрите и Вицепремиерите за европска интеграција на земјите од регионот учествуваат на третата Конференција за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан (WBAR). 
Пред почетокот на Конференцијата, Османи оствари билатерална средба со Сојузната Министерка за Европа, интеграции и надворешни работи на Австрија, Карин Кнајсл, при што изрази искрена благодарност за посветеноста на Австрија кон регионот, особено во делот на Австриското претседателство, издигнувајќи го процесот на проширување и интеграција на регионот како еден од трите врвни приоритети на Унијата. Османи потенцираше дека Македонија, ќе остане посветена на европската агенда, со продлабочување на реформски моментум, но и одлучно ќе продолжи со имплементацијата на европските правила, стандарди и вредности,  со што ќе придонесе во изградбата на посилна, постабилна и поцврста Европа.

 „Имавме исклучително важен референдумски процес во државата, во која над 600 илјади граѓани изразија јасна политичка волја за имплементација на Договорот од Преспа, и придвижување на земјата напред во интегративните процеси. Имаме обврска да ги искористиме сите можности и овој Договор да го имплементираме во Собранието“, истакна Османи. Тој се осврна и на предизвиците со кои се соочуваше земјата во однос на одржаниот референдум, при што изрази задоволство од високата поддршка на граѓаните на Договорот од Преспа и членството во ЕУ и НАТО.   

На  денешната Конференцијата за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан (WBAR), се очекува да биде потпишана заедничка декларација каде, меѓу другото, ќе се реафирмираат заложбите за унапредување на добрососедските односи, унапредување на регионалната соработка како и европските перспективи на земјите од Западен Балкан, по што ќе следи и обраќање на Вицепремиерот Османи на панелот посветен на комуникацијата на ЕУ во јавноста. 

 Во рамки на својата работна посета на Тирана, Османи ќе оствари билатерални средби и со на својата средби со Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати и Министерката за европска интеграција на Република Косово, Дурата Хоџа.

 Денешната Конференција за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан (WBAR) во Тирана, која е поддржана од страна на австриското претседателство со Советот на ЕУ е трета по ред, на која ѝ претходат првата одржана во Скопје во 2015 година и втората одржана во Подгорица во 2017 година.
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: НЕМА МАГИЧНИ АД-ХОК РЕШЕНИЈА ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО, НАПРОТИВ, САМО СО ДОЛГОРОЧНИ ОДРЖЛИВИ И ПЛАНСКИ АКТИВНОСТИ МОЖЕ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ РЕЗУЛТАТИ
ВБИФ ѝ одобри на Македонија три инвестициски проекти во вкупен износ од 24 милиони евра
ОСМАНИ: ЕВРЕЈСКАТА ЖРТВА - БЕЗВРЕМЕНСКИ ЧУВАР НА ХУМАНОСТА, СЛОБОДАТА И СОЛИДАРНОСТА
ОСМАНИ: ВЛАДАТА ГИ ДЕФИНИРАШЕ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ЧИЈА РЕАЛИЗАЦИЈА ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА ВО ПЕРИОДОТ ШТО ПРЕТСТОИ
Свечена Академија во Музејот на албанската азбука по повод 22 ноември – денот на албанската азбука и 110 годишнината од Битолскиот конгрес
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.