ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: УСПЕАВМЕ, МАКЕДОНИЈА НЕПОВРАТНО СЕ ДВИЖИ КОН ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА И ОД ОВОЈ ПАТ ВРАЌАЊЕ НАЗАД НЕМА
15:52, петок, 28 септември 2018

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската унија Јоханес Хан им се придружи на претставниците на Република Македонија и Европската комисија на вториот ден од работниот состанок за објаснувачки скрининг за Македонија и Албанија за подготовка на преговорите за полноправно членство во Европската унија.

Веднаш по заклучните согледувања, Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија и главен политички преговарач и Шеф на Делегацијата за преговори со Европската унија д-р Бујар Османи и еврокомесарот Хан одржаа заедничка прес конференција.

Вицепремиерот Османи и се заблагодари на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, на Еврокомесарот Хан како и на администрацијата на Европската комисија, пред се ГД НЕАР предводен од Кристијан Даниелсон и Геновева де Руиз Калавера за упорноста и несебична посветеност да и помогнат на Македонија да ги премости своите предизвици кон интеграцијата во ЕУ.

Османи потенцираше дека „наскоро очекува македонскиот јазик да се приклучи на останатите официјални јазици на Унијата, а и затоа што вчера и денес Република Македонија испишува историја.” Тој истакна дека големата владино - државна делегација учествува на работни средби со претставниците на Европската комисија каде прецизно и детално се прегледува Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права како дел од последната подготвителна фаза пред почетокот на преговорите.

„Навистина ова е моментот кој долго време го чекаме, за кој внимателно се подготвуваме, и за кој, со својот придонес се имаат вградено сите поранешни влади, кои ги претставуваат сите поважни политички фактори во земјата. Дозволете денес, на вториот ден од скрининг процесот да констатирам – успеавме. Македонија неповратно се движи кон полноправно членство во Европската Унија и од овој пат враќање назад нема.“

Вицепремиерот Османи истакна дека „овој денешен успех претставува остварување на историскиот сон на сите Албанци од Македонија.“

Османи посочи дека Република Македонија ќе го одржи реформскиот импулс, спроведувањето на билатералните договори и обезбедување на високи капацитети за процесот на скрининг и преговори. Конечно, им порача на претставниците на Европската унија дека Македонија ќе остане посветена на европските вредности и ќе вложи напори кон создавањето на безбедна, постабилна и обединета Европа, Европа која штити.

Сподели ја содржината!
Вести
Средба Ангеловска-Бежоска – Османи: Народната банка е посветена на евроинтегративните процеси
ОСМАНИ: АКТИВНОСТИТЕ НА УНОПС ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОКАЖУВААТ РЕЗУЛТАТ
Отворен повик до сите основни училишта на територијата на Република Северна Македонија за учество во проектот на Секретаријатот за европски прашања „Отворени денови на СЕП за ученици од петто одделение”
Средба Османи - Која: истражување на етничките предрасуди во судството
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.