ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: 15 ГОДИНИ ГО ОЧЕКУВАВМЕ ДЕНЕШНИОВ ДЕН
11:10, четврток, 27 септември 2018

Денес, 27 септември 2018 година, точно во 09 часот, во зградата Берлимонт во Брисел - седиштето на Европската Комисија, Република Македонија и формално го започна скрининг процесот, преку презентација на првото Поглавје 23 - правосудство и фундаментални права. По тој повод висока владино - државна делегација, со над 40 претставници, два дена ќе престојува во Брисел, каде Европската Комисија во детали ќе ја презентира сопствената анализа за состојбата од поглавјето 23, нивните очекувања, начинот на кој очекуваат да се одвиваат преговорите инт. 

На почеток од работната средба, обраќања до претставниците на преговарачката структура и Комисијата, имаше Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања и Главен преговараш и шеф на државната делегација за преговори, Бујар Османи

„Ова е историски момент за нашата земја, и за мене вистинска чест како Главен преговарач, да го одбележам почетокот на Скрининг процесот, како финална етапа во подготовката за преговори за полноправно членство во Европската Унија“ - истакна Османи на почетокот од своето обраќање, посочувајќи притоа на историјатот на приближување кон Унијата, почнувајќи од Спогодбата за стабилизација и асоцијација во 2001, преку кандидатскиот статус во 2005 година, па се до првата препорака од страна на Комисијата во 2009 година.

„Европската и евроатлантската ориентација на земјата претставува точката на обединување на нашето општество уште од самата независност, а во процесот на приближување кон Европската Унија, неповратно се вградени сите претходни Влади, пренесувајќи ги интересите на земјата на своите наследници, кои продолжуваат онаму каде нивните претходници застанале“ - истакна Османи, посочувајќи и на пошироката инклузивност во рамките на овој процес упатувајќи благодарност и до администрацијата, граѓанскиот сектор, експертската јавност итн...

„Нам ни е јасно дека започнуваме комплексен процес, кој ќе се одвива во повеќе фази, во кој илјадници страни на т.н. 'Аки' (Acquis), треба да бидат транспонирано во македонското законодавство, но дозволете да ве уварам дека мотивацијата и ентузијазмот меѓу администрацијата, граѓанскиот сектор, претставниците на бизнисот, но и воопшто кај граѓаните, од напредокот во евроинтеграциите е на исклучително високо ниво, и ве уверувам дека ние сме подготвени да се справиме со овој предизвик“, истакна Османи, посочувајќи притоа и на искуството на досегашната административна структура, која успешно ги имплементираше обврските кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, и која низ целиот свој професионален ангажман се подготвува токму за овој момент - за процесот на преговори.

Во заклучокот од своето обраќање, Османи ги претстави трите траектории по кои Владата, но и целата држава ќе се движат во рамките на евроинтегративните процеси: „Државата паралелно ќе се посвети на имплементација на Договорите за добрососедство со Бугарија и Грција, ќе го задржи реформскиот моментум за исполнување на забелешките и насоките на заклучоците од јунските совети, како и цврсти и бескомромисно ќе влезе во исполнување на обврските од објаснувачкиот скрининг, подготвувајќи се со тоа, на сите три полиња паралелно, за почеток на преговорите во јуни следната година“ - истакна Османи, посочувајќи на историскиот момент за одлука - „Шанса која оваа генерација не смее да ја пропушти“.

Во продолжение на средбата, обраќања до присутните имаа и Министерката за правда, Рената Дескоска, како и Директорот на Директоратот за проширување на Европската Унија, Кристијан Даниелсон и други претставници на Европската Комисија.

Работната средба на која Европската Комисија ја презентира анализата на поглавјето 23 - правосудство и фундаментални права, за Република Македонија продолжува низ текот на целиот ден, а според агендата, работната група ќе продолжи со работа и во текот на утрешниот ден, кога се очекува да им се приклучи и еврокомесарот за проширување - Јоханес Хан.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: НЕМА МАГИЧНИ АД-ХОК РЕШЕНИЈА ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО, НАПРОТИВ, САМО СО ДОЛГОРОЧНИ ОДРЖЛИВИ И ПЛАНСКИ АКТИВНОСТИ МОЖЕ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ РЕЗУЛТАТИ
ВБИФ ѝ одобри на Македонија три инвестициски проекти во вкупен износ од 24 милиони евра
ОСМАНИ: ЕВРЕЈСКАТА ЖРТВА - БЕЗВРЕМЕНСКИ ЧУВАР НА ХУМАНОСТА, СЛОБОДАТА И СОЛИДАРНОСТА
ОСМАНИ: ВЛАДАТА ГИ ДЕФИНИРАШЕ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ЧИЈА РЕАЛИЗАЦИЈА ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА ВО ПЕРИОДОТ ШТО ПРЕТСТОИ
Свечена Академија во Музејот на албанската азбука по повод 22 ноември – денот на албанската азбука и 110 годишнината од Битолскиот конгрес
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.