ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ДРЖАВАТА ЌЕ ОБЕЗБЕДИ ПОДДРШКА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА БИЗНИСОТ СО ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ
11:57, среда, 26 септември 2018

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, Министерот за економија Крешник Бектеши и Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку остварија заедничка средба со стопанственици од Стопанската Комора на Северозападна Македонија.

На средбата соговорниците разменија информации во однос на состојбите и предизвиците на бизнис секторот, на самите бизнисмени, но и за потенцијалите и можностите кои произлегуваат од европските перспективи на земјава, и тоа уште во самиот процес на преговори.

„Самото приближувањето до Европската Унија значи и усогласување на Македонските правила, стандарди со оние на Унијата, нешто во што покрај државата, свој дел мора да преземат и останатите општествени сегменти, при што веројатно голем товар околу усогласувањето на земјата ќе се пренесе и на бизнис секторот“ истакна Османи, посочувајќи дека , отворањето на границите на европскиот пазар за производите и услугите од Република Македонија, претставува и бизнис можност, но и дополнителен предизвик за адаптација на производството, на квалитетот, стандардизацијата итн., согласно европските правила и стандарди.

“Дополнително, пазарите се отворат двонасочно со што нашиот пазар станува поконкурентен, нешто на што нашите бизниси мора да се адаптираат, и за што секако, во периодот што следува, ќе ја имаат и поддршката од страна на државата, особено преку интервенциите со средствата од ИПА фондовите, чија намена е токму адаптација со европските стандарди и правила”- додаде Османи.

Во рамки на денешниот состанок соговорниците заеднички се сложија дека сѐ на сѐ, приближувањето до Европската Унија претставува бенефит за бизнисот, исклучителна можност за нивен забрзан развој, напредок, но и предизвик на самите бизнисмени да се докажат и по европски, а не само по балкански правила.

Сподели ја содржината!
Новости
Вицепремиерот Димитров во Брисел на средба со потпретседателот на Европската комисија, Схинас
Средба Димитров – Вархеји
Димитров од Брисел: „Северна Македонија е цврсто решена да стане просперитетна европска демократија во која ќе владее правото”
ЗПВ Димитров на средба со Генералната секретарка на РСС, Брегу: „ За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста“
ЗПВ Димитров: „Новата Методологија за пристапување овозможува подинамичен и посуштински преговарачки процес. Нашата цел е тоа целосно да го искористиме"
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.