ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: МАКЕДОНИЈА ИМА ИСКРЕНИ ПРИЈАТЕЛИ ЧИЈА ПОДДРШКА ЈА ОЧЕКУВАМЕ ВО ОВИЕ ОДЛУЧУВАЧКИ МОМЕНТИ
12:50, четврток, 06 септември 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска во Секретаријатот за европски прашања oствари средба со Министерот за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн.

За време на средбата, Вицепремиерот Османи изрази длабока благодарност за посетата на Министерот Аселборн, како и за севкупната поддршка од страна на Луксембург за нашите евроатлантски аспирации, a која е повеќе од потребна и добредојдена особено во овој клучен период на одлуки за нашата евроатланската интеграција.

“Македонија веќе втора година минува низ еден силен транзициски период, во кој, со сесрдна поддршка на нашите меѓународни пријатели, создаваме услови за напредок во европските и евроатлантските интеграции. Низ целиот овој период државава е соочена со бројни предизвици, а веројатно еден од најважните и најкомплексните е предизвикот за имплементација на Договорот од Преспа, со кој се затвора еден долгогодишен спор меѓу двата соседи Македонија и Грција, и кој преставуваше непремостлива брана за напредокот во интегративните процеси” - истакна Османи во својата изјава по средбата. Во овој контекст тој потенцираше дека присуството и поддршката на нашите меѓународни пријатели претставува акт на пријателство и охрабрување, поддршка која е добредојдена особено во овие моменти на важни одлуки.

Османи посочи дека покрај активностите околу референдумот, Владата, а особено тој како Главен преговарач, но севкупно Секретаријатот за европски прашања, како носечко тело на подготовките за преговори, активно работат и на реформскиот процес, подготовките за претстојниот скрининг, но и воопшто, на севкупните подготовки на земјата за преговори.

Сподели ја содржината!
Новости
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир
Вицепремиерот Димитров во Брисел на средба со потпретседателот на Европската комисија, Схинас
Средба Димитров – Вархеји
Димитров од Брисел: „Северна Македонија е цврсто решена да стане просперитетна европска демократија во која ќе владее правото”
ЗПВ Димитров на средба со Генералната секретарка на РСС, Брегу: „ За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста“
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.