ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА ЗЕМЈАТА СЕ ЈАСНИ, КАКО ВЛАДА ОСТАНУВАМЕ ЦЕЛОСНО ПОСВЕТЕНИ НА ЕФИКАСНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА СИТЕ РЕФОРМИ И ИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ
13:51, четврток, 23 август 2018
Вицепремиерот за европски прашања и главен политички преговарач Бујар Османи, и посебниот советник за евро-атлантски интеграции во Канцеларијата на претседателот на Владата, и заменик на главниот политички преговарач, Бојан Маричиќ, денес во Секретаријатот за европски прашања остварија заедничка средба со Амбасадорот на Кралството Холандија Вилем Ваутер Пломп и неговиот тим.

На состанокот се отворија теми поврзани со активностите на Владата во насока на подготовка за почеток на пристапните преговори, при што вицепремиерот Османи ја потенцираше и интензивната работа на подготовката на тимот и структурата за преговори.

Вицепремиерот Османи истакна дека Република Македонија интензивно ќе продолжи и со реформските процеси, особено во делот на судството, безбедносните служби и  јавната администрација, како и во делот за борбата против организираниот криминал и корупција, но нема да ги изостави и рефромитево сите останати клучни области.

Соговорниците посебно се осврнаа  на претстојниот референдум, при што вицепремиерот ја потенцираше улогата и одговорноста на политичарите, но и на секој поединец  за донесување правилна одлука во интерес на иднината на Македонија: „Евро-атлантските перспективи на Владата се недвосмислени и цврсти. Ние сите целосно сме посветени на имплементацијата на превземените обврски а уверен сум дека и граѓаните на Република Македонија ќе донесат правилни одлики за иднината на земјата„ -  истакна Османи на состанокот.

На крајот на состанокот вицепремиерот Османи, изрази очекување дека добрите односите меѓу двете земји како и искрената поддршка од страна на Кралството Холандија за нашите евро-атлантски перспективи ќе продолжи со ист интензитет како и сите години наназад, особено во овој клучен период за иднината на земјата.
Сподели ја содржината!
Новости
Вицепремиерот Димитров во Брисел на средба со потпретседателот на Европската комисија, Схинас
Средба Димитров – Вархеји
Димитров од Брисел: „Северна Македонија е цврсто решена да стане просперитетна европска демократија во која ќе владее правото”
ЗПВ Димитров на средба со Генералната секретарка на РСС, Брегу: „ За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста“
ЗПВ Димитров: „Новата Методологија за пристапување овозможува подинамичен и посуштински преговарачки процес. Нашата цел е тоа целосно да го искористиме"
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.