ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: НОРВЕШКАТА ПОМОШ ЌЕ БИДЕ ЗНАЧИТЕЛЕН ПРИДОНЕС ЗА ЕФИКАСНО И НАВРЕМЕНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА РЕФОРМСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ
15:18, четврток, 26 јули 2018

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и Амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес Бјорнстад, денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања потпишаа Меморандум за разбирање за билатерална проектна соработка.


Пред церемонијата на потпишувањето на Меморандум за разбирање, Вицепремиерот Османи и норвешкиот Амбасадор Бјорнстад, остварија средба на која разговараа за билатералната соработка, проектната поддршка која Кралството Норвешка ја обезбедува за Република Македонија, како и за евроатлантските аспирации на нашата земја.

“Иако Кралството Норвешка не е членка на Европската унија, таа е наш важен партнер и поддржувач на евро - интегративниот процес на Република Македонија од самиот почеток на процесот, и задоволен сум што во оваа насока продолжува да се движи нашата соработка и во овие клучни моменти за Република Македонија”- истакна Османи.

 

Во продолжение на средбата Вицепремиерот Османи додаде дека развојната соработка не претставува само инструмент за унапредување и поддршка на развојните цели на земјата и нејзините стратешки определби, туку е можност и за продлабочување на соработката помеѓу двете држави и во економска и политичка смисла.

 

Во контекст на денешното потпишување на Меморандумот за разбирање Османи потенцираше дека главната цел на истиот ќе биде поддршка на интеграцијата на Република Македонија во Европската унија, како и поддршка на приоритетите на Владата преку финансирање на проекти кои придонесуваат за реформските процеси и развојот на секторите во согласност со стандардите на ЕУ и НАТО.

 

“Со потпишувањето на овој Меморандум за разбирање, Република Македонија за 2018 година ќе добие пристап до норвешки развојни средства во висина од 3 милиони евра, што претставува значително зголемување во однос на изминатите неколку години, во текот на кои норвешките средства за Република Македонија беа значително пониски”-заклучи Османи и притоа потенцираше дека Секретаријатот за европски прашања, како надлежна национална институција за координација на странската помош ќе биде главниот партнер во процесот на спроведување на потпишаниот Меморандум.
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: УСПЕШНОТО ПАРТНЕРСТВО ПОМЕЃУ АГЕНЦИИТЕ НА ОН И ВЛАДАТА ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ
Се чисти локацијата наменета за пречистителна станица за отпадни води во Тетово
Османи: Северна Македонија и Турција остануваат стратешки партнери
ОСМАНИ: САД може да сметаат на Северна Македонија како на партнер на Балканот
ОСМАНИ И БЕЏЕТИ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СЕП И УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈИЕ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.