ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ГАБЕР: ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ ДАВААТ РЕЗУЛТАТ – БАЛКАНОТ ЗАБРЗАНО СЕ ПОВРЗУВА СО ЕВРОПА
15:58, четврток, 28 јуни 2018

Денеска, во Скопје, се одржа регионален координативен состанок на Повеќе корисничка ИПА каде свое обраќање имаа Државната секретарка г-а Калинка Габер, ЕУ Амбасадорот Самуел Жбогар, Директорката за Западен Балкан од  ДГ НЕАР г-а Геновева Руиз Калавера и Колин Волф Раководител на одделението за регионална соработка во ДГ НЕАР.

Осврнувајќи се докажаната посветеност на Европската комисија и земјите членки на ЕУ кон политиката на проширување, потврдена неодамна на состанокот на министри за надворешни работи во Луксембург, државната секретарка Габер ја нагласи трансформативната моќ на процесот на пристапување, не само од аспект на исполнувањето на внатрешната реформска агенда, туку и во унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка. „Земјите од Западниот Балкан, повеќе од било кога, се подготвени да станат носители на регионалните иницијативи за соработка, цврсто убедени дека заедничките напори ќе придонесат кон поуспешна реализација на сопствените, но и заедничките реформски агенди,“ истакна Габер.

Честитајќи и на државата за постигнатите резултати и отворениот пат кон започнување преговори за членство, директорката за Западен Балкан од  ДГ НЕАР г-а Геновева Руиз Калавера истакна дека директоратот, во соработка со Делегација на Европска комисија во Скопје, а согласно заклучоците од последно одржаниот состанок на ГАК, уште денес ќе ги започне подготвителните работи за издигање на договорните односи помеѓу Република Македонија и ЕК на повисоко ниво.

Во рамки на пленарните дискусии во затворена сесија, фокусот беше ставен на програмирањето на средствата за 2019 и 2020 и на на регионалните иницијативи во согласност со Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан. Дискутирани беа можностите за подобро следење и искористување на овие средства и нивно квалитетно насочување кон реформските приоритети во процесот на Европска интеграција на регионот.

Сподели ја содржината!
Вести
Конференција „Искуствата во пристапните преговори – како треба, а како не треба“
15-ти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската Унија
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НАИДУВА НА СЀ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ОД ГРАЃАНИТЕ
ФИНАНСИСКАТА ПОМОШ ОД КРАЛСТВОТО НОРВЕШКА ДОАЃА ВО ВИСТИНСКИ МОМЕНТ И НА ВИСТИНСКО МЕСТО
ОСМАНИ: ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ГО ЗАСИЛУВААТ ПРИЈАТЕЛСТВОТО МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.