ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ОД НОРВЕШКА ЈА ОЧЕКУВАМ И ЗА ВРМЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО УНИЈАТА
17:52, вторник, 19 јуни 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари заедничка средба со Генералниот под секретар на Обединетите нации и Извршен дирекор на УНОПС, Грете Фаремо и Амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес Бјорнстад,  во рамките на која стана збор за билатералната соработка, за проектната поддршка која Кралството Норвешка ја обезбедува за Република Македонија како и за евроатлантските аспирации на нашата земја.

 

Вицепремиерот Османи најпрвин изрази задоволство од денешното отворање Канцеларија на УНОПС во Скопје, која од своја страна ќе придонесе кон поефикасно спроведување на дел од проектите поддржани од Норвешка, со потенцијал за проширување на оваа соработка и со други донатори.

 

Република Македонија има долгогодишна успешна соработка со агенциите на ОН и отворањето на Канцеларија на УНОПС во Скопје е добар сигнал за натамошно проширување на оваа соработка.

 

За време на средбата, Вицепремиерот Османи истакна дека билатерална поддршка која Кралството Норвешка ја обезбедува за нашата земја за проекти во најголем дел е наменета за остварување на најзначајните стратешки цели на земјата - интеграција во ЕУ и НАТО и изрази задоволство што истата е зголемена оваа година. Во овој контекст Османи се заблагодари за досегашната исклучително добра соработка со Кралството Норвешка, како и за севкупната поддршката што Република Македонија ја добива од оваа земја во спроведувањето на реформите, и во поддршката од страна на Норвешка за нашите евроатлантските интеграции.

 

Османи ги информираше соговорниците и за напредокот на Македонија во европските интеграции. „Македонија доби чиста препорака од страна на Европската Комисија во април оваа година, која, со оглед на постигнатиот договор со Грција, очекувам да биде потврдена од страна на Европскиот совет кон крајот на месецот, со што Македонија ќе добие датум за преговори“, истакна Османи, нагласувајќи притоа дека и во периодот до почетокот на преговорите, но и за време на преговорите, Македонија се надева на континуитет на поддршката од страна на Норвешка.

 

Соговорниците се согласија дека во претстојниот период ќе се интензивира меѓусебната соработка насочена кон реализација на клучните реформски процеси за постигнување на– полноправно членство во ЕУ и НАТО.

Сподели ја содржината!
Вести
Османи и Дураку во посета на општина Дебар
Државната Секретарка Габер во работна посета на Брисел
ОСМАНИ: УНГАРСКОТО ИСКУСТВО ВО ПРЕГОВОРИТЕ Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАС
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.