ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ИСКУСТВАТА ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО УНИЈАТА ЌЕ ГИ СПОДЕЛИМЕ И СО НАШИТЕ НАЈБЛИСКИ СОСЕДИ
11:58, вторник, 19 јуни 2018

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Приштина, оствари средба со Потпретседателот на Владата на Косовo – Енвер Хоџај.

Двајцата соговорници ја потенцираа заложбата на двете земји за европската перспектива на регионот, за што од интерес на двете земји е меѓусебно да се поддржат во процесот на интеграција во ЕУ.

“Македонија, има стекнато огромни искуства преку долгогодишните активности во рамките на процесот за Стабилизација и Асоцијација со Европската Унија, а во следниот период, со почетокот на преговорите со Унијата, овие искуства неколкукратно ќе се зголемат. Како најблиски соседи, со задоволство, овие искуства ќе ги пренесеме на колегите од Косово, а со цел забрзување и унапредување на европските перспективи на целиот регион.”- додаде Османи, посочувајќи притоа дека наскоро се очекува заедничка Владина седница меѓу двете земји, како важен сигнал за исклучително добрите односи меѓу двете земји.

Соговорници едногласно се согласија дека доказ за ова е неодамнешното поставување на камен темелник на заедничкиот објект на двете држави т.е. поставување на камен темелник на заедничкиот граничен премин – Белановце Станчиќ, а изразија и задоволство за напредокот за изградба на патниот правец Скопје – Блаце, проект кој заедно со автопатот Приштина – Блаце, кој чија изградба е во тек, треба да го намали времето на патување меѓу Скопје и Приштина од сегашните два часа, на помалку од еден час.

Претходно, Вицепремиерот Османи оствари средба и со Претседателот на Косово – Хачим Тачи, каде се разговараше за европските перспективи на двете земји, на целиот Западен Балкан, како и за очекувањата од претстојните самити на Европската Унија.

Сподели ја содржината!
Вести
Османи и Дураку во посета на општина Дебар
Државната Секретарка Габер во работна посета на Брисел
ОСМАНИ: УНГАРСКОТО ИСКУСТВО ВО ПРЕГОВОРИТЕ Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАС
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.