ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
“Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и подобрување на усогласеноста на статистијката со стандардите на ЕУ”
16:24, четврток, 14 јуни 2018
Денес, државната секретарка Калинка Габер учествуваше на завршниот настан на твининг - проектот на ЕУ “Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и подобрување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ” кој се оддржа во хотелот Буши во Скопје, во организација на Државен завод за статистика на Република Македонија, Италијански национален институт и Завод за статистика на Република Словенија.

На почетокот од своето обраќање државната секретарка Габер изрази благодарност до Европската комисија за континуираната поддршка во размената на искуства и знаење како значаен инпут во надградбата на капацитетите на државната администрација и унапредување на степенот на усогласеност на националното законодавство и домашните стандарди со европските, како и благодарност до националните статистички институции од Италија и Словенија за нивната посветена соработка со Државниот завод за статистика во испораката на предвидените резултати.

“Силно сум убедена дека преточувањето на активностите од твининг проектот во Националната програма за усвојување на Европското законодавство (2017-2019), како и неговите оперативни резултати – поддршката за имплементација на Европскиот систем на сметки, активностите за подобрување на деловните статистики и подобрената статистика за истражување и развој – значително ќе ги зголемат капацитетите на Државниот завод за статистика да одговори на предизвиците во процесот на скрининг на Поглавје 18 и очекуваните претпристапни преговори” –истакна Габер.

Во продолжение таа додаде дека Владата на Република Македонија ја препознава потребата од унапредување на процесот на развивање политики, донесување одлуки и следење и оценување на нивните ефекти од страна на владините институции, бизнис секторот и граѓаните со цел понатамошно унапредување на демократијата и пазарно-ориентираната економија.

Понатаму додаде дека „овој процес е невозможен без испорака на сеопфатни и меѓународно споредливи статистички податоци во согласност со меѓународните и стандардите на Европската унија - кои благодарение на овој твининг проект, финансиран преку Инструментот за претпристапна помош од ТАИБ Националната програма 2012, ни стануваат подостапни „– истакна Габер.
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМЕ ПОМОШ ОД ГЕРМАНИЈА И ВО ОВАА ФИНАЛНА ФАЗА ЗА НАШИТЕ ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ
ОСМАНИ: ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, ПОТТИК ЗА ИНТЕГРАЦИИТЕ НА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
ОСМАНИ: ПОТРЕБНА НИ Е ВЗАЕМНА СОРАБОТКА ЗА ДА СЕ СПРОТИСТАВИМЕ НА СОВРЕМЕНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ
ОСМАНИ: ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИМЕ СИТЕ МОЖНОСТИ ДА ЈА ИМПЛЕМЕНТИРАМЕ ОДЛУКАТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО ПРЛАМЕНТОТ
ОСМАНИ: НЕ СМЕ ИМАЛЕ ПОВАЖНА ОДЛУКА ЗА НАШАТА ИДНИНА ОД ДЕНЕШНАТА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.