ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ШВЕДСКА Е ГОЛЕМ ПОДДРЖУВАЧ НА ПОЛИТИЧКИОТ И ЕКОНОМСКИОТ НАПРЕДОК НА ЗЕМЈАТА
10:42, четврток, 14 јуни 2018
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со Генералниот Директор за Меѓународна развојна соработка во рамките на Министертвото за надворешни работи на Кралството Шведска, Јоханес Олјелунд.

На средбата беа отворени темите за билатералната соработка помеѓу двете земји, напредокот на Република Македонија во евроинтегративниот процес на Македонија, како и за поддршката на Кралството Шведска за процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан. 

„Шведска претставува еден од поважните контрибутори во изградбата на современа, мултиетничка демократија во Република Македонија, од сите аспекти“, истакна Османи, посочувајќи на силната политичка поддршка од страна на Шведска во окончување на долгата и политичка криза, како и значењето на развојната компонента од билатералната соработка, која правилно таргетирана и најмногу насочена кон изградбата и засилувањето на демократските институции во земјата.

„Исклучително ни значи фактот што Република Македонија е повторно помеѓу приоритетните партнер – држави на шведската развојна агенда, со што покрај директните бенефити од развојната помош, Шведска јасно покажа дека е пријател на Република Македонија, како во развојна, така и во политичка смисла.“ – истакна Османи.

За време на средбата Вицепремиерот Османи ја потврди посветеноста на Владата во задржувањето на реформската агенда на врвот на листата приоритети и по добивањето на препораката од страна на Европската Комисија. Во таа насока, Османи му претстави на Олјелунд делови од новиот План 18 и додаде дека истиот претставува логично продолжение на Планот 3-6-9 и кој се очекува да обезбеди соодветна реформска агенда во периодот од добивањето на препораката, па се до фактичкиот почеток на преговори.

„Изминатиов период направивме огромен исчекор, спроведовме суштински реформи, но и затворивме многу тешки и комплексни политички прашања, со што покажавме политичка сериозност од европски карактер. Ни претстои клучен период, историска шанса за да направиме значаен исчекор во нашите евроатлантски интеграции и сега ни е потребна сета поддршка од нашите меѓународни пријатели“- заклучи Османи.
Сподели ја содржината!
Вести
Работен состанок за Нацрт Планот 18
ОСМАНИ: ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ИМПЛИЦИРААТ ДЛАБОКА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ОПШТЕСТВОТО ЗА ШТО СЕКОЈА ПОМОШ НИ Е ДОБРЕДОЈДЕНА
15-ти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација Скопје, 19-20 јуни 2018 година
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ОД НОРВЕШКА ЈА ОЧЕКУВАМ И ЗА ВРМЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО УНИЈАТА
ОСМАНИ: ИСКУСТВАТА ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО УНИЈАТА ЌЕ ГИ СПОДЕЛИМЕ И СО НАШИТЕ НАЈБЛИСКИ СОСЕДИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.